Учеството во БДП претставува процентуално учество на бруто- додадената вредностод областа на туризмот во вкупниот бруто- домашен производ на национално ниво.
- Процент (%).
Какво е влијанието на туризмот кое се потпира на карактеристиките на животната средина врз економскиот развој на Република Северна Македонија?
Учеството на Објекти за сместување и сервисни дејности со храна во бруто – домашниот производ има променлив тренд на опапаѓање и раст, во 2021 изнесува 1,6% исто како на ниво од 2003 што укажува на многу мал удел на туризмот врз економскиот развој на Република Северна Македонија.
Од остварените приходи по основ на туристичка такса и даноци ќе се овозможи уредување и заштита на животната средина, а од остварените приходи ќе се отвори можност правните и физичките лица да ги подобрат условите за живот и работни активности.
График 1. Учеството на Објекти за сместување и сервисни дејности со храна во БДП во %
Опфат на податоци: excel
Извор на податоци: Државен завод за статистика, http://www.stat.gov.mk
Од сликата се гледа дека учеството на Објекти за сместување и сервисни дејности со храна во БДП е релативно ниско и има опаѓачки карактеристики во периодот од 2003 до 2011 година, односно во 2011 споредено со 2003 година има пад од 37,6%. Учеството на Објекти за сместување и сервисни дејности со храна во БДП има пораст во периодот од 2011 до 2016 година од 57%, што укажува на поголемо учество на туризмот врз економскиот развој на Република Северна Македонија. Од 2016 па се до 2019 има постојан непроменлив тренд. Објекти за сместување и сервисни дејности со храна имале најголем удел во 2005 година со учество од 1,82%, а најмал од 0,98% во 2011 година. Следењето треба да овозможи увид во која мерка се подобруваат ефектите од туристичкиот развој во животната средина.
Од остварените приходи по основ на туристичка такса и даноци ќе се овозможи уредување и заштита на животната средина, а од остварените приходи ќе се отвори можност правните и физичките лица да ги подобрат условите за живот и работни активности.
- Методологија за пресметка на индикаторот
Учество на додадената вредност од туризам (Објекти за сместување и сервисни дејности со храна) во БДП.
- Зголемен придонес на учеството на додадената вредност од туризам во вкупниот БДП на земјата.
- Годишна публикација за бруто-домашен производ
- Статистички годишник
Тема | Туризам | Поврзаност со други теми/сектори | Економија на животната средина и управување со ресурси |
Код на индикаторот | MK НИ 049 | Временска покриеност | 2003-2021 |
Име на индикаторот | Местото на туризмот во економијата | Извор на податоци | При пресметка на индикаторот користени се официјални податоци од Државен завод за статистика |
Класификација по ДПСИР | Д | Датум на последна верзија | 31.10.2022 |
Тип | В | Подготвено/ ажурирано од: | Катерина Николовска Ана Димишкова |
Фреквенција на публикување | Годишно | Контакт | e-пошта: K.Nikolovska@moepp.gov.mk a.dimishkova@moepp.gov.mk |