МК НИ 031 Обновлива електрична енергија

83
МК НИ 031
Обновлива електрична енергија
Дефиниција

Обновливите извори на енергија се дефинираат како обновливи нефосилни извори на енергија како што се: хидро, геотермална, соларна и ветерна енергија; цврста биомаса; биогас; течни биогорива и др.

Индикаторот „Обновлива електрична енергија” го мери учеството на произведената електрична енергија од обновливи извори во бруто-домашната потрошувачка на електрична енергија (во проценти).

Бруто-домашна потрошувачка на електрична енергија претставува збир на вкупното бруто-производство и увоз на електрична енергија намалено со извозот на електрична енергија.

Единици
  • GWh (гига-ват часови)
  • проценти
Клучно прашање за политиката

Каков е уделот на електрична енергија од обновливи извори во бруто-потрошувачката на електрична енергија во Република Северна Македонија?

Клучна порака

Учеството на електрична енергија од обновливи извори во бруто-потрошувачката на електрична енергија во Република Северна Македонија е прилично ниско. Тоа бележи прилично висока годишна флуктуација во зависност од хидролошките услови, бидејќи засега од сите обновливи извори само хидро енергијата, во споредба со соларната и ветерната енергија учествува позначајно во производство на електрична енергија од обновливи извори, со што се јавува потреба од поголеми инвестиции во енергетски капацитети кои ќе овозможат зголемување на искористувањето на обновливата енергија како што се, соларната, ветерната и биогасна електрична енергија.

Во разгледуваниот период има променлив тренд на искористеноста на енергијата од обновливи извори. Во 2010 година поради поволните хидролошки услови учеството на обновливата електрична енергија во вкупната бруто потрошувачка на електрична енергија е најголемо и изнесувало 28%, додека во 2001 година е забележано е најмало учество од 9,2%.

Во однос на овој индикатор во 2020 година се забележува подобрување во однос на претходната 2019 година, но сеуште далеку од зацртаните цели, земајќи го предвид фактот дека учеството на произведената електрична енергија од обновливи извори во бруто-домашната потрошувачка на електрична енергија (во проценти) во 2020 година изнесува околу 19,2%.

График 1. Тренд на обновлива електрична енергија од различни извори на обновлива енергија за периодот 2000-2020 година

CSI_031_Energija2022_g1

 

График 2. Тренд на обновлива електрична енергија за периодот 2000-2020 година 

CSI_031_Energija2022_g2

 

Опфат на податоциexcel

Извор на податоци: Државен завод за статистика, http://www.stat.gov.mk

Оценка

Во Република Северна Македонија производството на електрична енергија од обновливи извори се базира на хидроенергијата, но во последните години се забележува производство на електрична енергија од нови видови обновливи извори (соларни централи, ветерници и биогасни централи, но исто така е зголемено и учеството на малите хидроцентрали). Сепак, доминантно е учеството од големите хидроцентрали во обновливата електрична енергија.

Денес, учеството на обновливата енергија во потрошувачката на електрична енергија е многу важно и генерално зависи од хидролошките услови во текот на годината. Kако резултат на променливите хидролошки услови, се забележува и варијација во производството од хидроенергијата, поради помалите врнежи. Тоа укажува на фактот дека има потреба од поголеми инвестиции во енергетски капацитети кои ќе овозможат зголемување на искористувањето на обновливата енергија како што се, соларната, ветерната и биогасна електрична енергија.

Во разгледуваниот период има променлив тренд на искористеноста на енергијата од обновливи извори. Во 2010 година поради поволните хидролошки услови учеството на обновливата електрична енергија во вкупната бруто потрошувачка на електрична енергија е најголемо и изнесувало 28%, додека во 2001 година е забележано е најмало учество од 9,2%. Влијанието на хидролошките услови во производството на електрична енергија од обновливи извори и нејзиното учество во бруто-домашната потрошувачка на електрична енергија може да се види во последните три години. Така, во 2018 година кога хидролошката состојба е поволна обновливите извори учествуваат со околу 26% во бруто-домашната потрошувачка на електрична енергија, додека во 2019 и 2020 година кога хидролошката состојба е неповолна обновливите извори учествуваат само со 17,5% и 19,2%, соодветно во бруто-домашната потрошувачка на електрична енергија.

Треба да се потенцира дека во 2020 година, хидроенергијата во обновливата електрична енергија учествува со 16,6%, додека останатите обновливи извори на енергија (соларната, ветерната и биогасна електрична енергија) учествуваат само со 2,6%, што укажува на тоа дека за поголемо учество на обновливите извори во бруто-домашната потрошувачка на електрична енергија потребни се инвестиции во капацитети за производство на електрична енергија од обновливи извори кои пред се би ги користеле соларната, ветерната и биогасната енергија.

Методологија
  • Методологија за пресметка на индикаторот

Статистичка методологија за пресметка:

  • Заедничките прашалници за: јаглен, нафта, природен гас, електрична енергија и топлина, обновлива енергија за 2005 година на Eurostat, ECE/UN и IEA/OECD
  • „Energy Statistics Methodology Eurostat F4, 1998″ Цели
  • Намалување на финалната (крајна) потрошувачка на енергија во домаќинствата по глава на жител.
Цели

Да се постигне потребен пораст за да се достигне индикативната цел на ЕУ од 25% учество на произведената електрична енергија од обновливи извори во бруто-домашната потрошувачка на електрична енергија (во проценти) до 2020 година, а 30% до 2030 година.

Обврска за известување
  • Eurostat, ECE/UN и IEA/OECD.
Општи мета-податоци
Тема Енергија Поврзаност со други теми/сектори Воздух, Климатски промени, Води, Почва и користење на земјиште, Природа, Земјоделство, Шумарство, Отпад, Домаќинства, Транспорт, Здравство, Туризам, Економија на животната средина ресурси, Индустрија
Код на индикаторот MK НИ 031 Временска покриеност 2000-2020
Име на индикаторот Обновлива електрична енергија Извор на податоци Државен завод за статистика
Класификација по ДПСИР Р Датум на последна верзија 12.10.2022 
Тип Б Подготвено/ажурирано од: Стојна Манева
Фреквенција на публикување Годишно Контакт e-пошта: stojna.maneva@stat.gov.mk
Поврзаност со други индикатори
МК НИ 031 Обновлива електрична енергија EEA – Европска агенција за животна средина нема еквивалент
UNECE – Економска комисија на Обединетите нации за Европа G4/89 – Total primary energy supply by renewable energy category (hydropower, biomass, biofuels, wind, solar, geothermal, other)
Каталог на индикатори за животна средина нема еквивалент
SDG – Цели за одржлив развој 7 – Ensure access to affordable, reliable, sustainable and modern energy for all,
12 – Responsible consumption and production
GGI – Индикатори за зелен раст да
Кружна економија да
10.11.2022