МК НИ 008 Заштитени подрачја

53
МК НИ 008
Заштитени подрачја
Дефиниција

Индикаторот ја прикажува вкупната (кумулативна) површина на заштитените подрачја, прогласени според националната легислатива за заштита на природата во текот на времето.

Овој индикатор ги покажува трендовите во:

  • Број на заштитени подрачја,
  • Вкупна површина на заштитени подрачја,
  • Површина на заштитени подрачја по категорија на заштита,
  • Процентуална застапеност на поединечните категории на заштитени подрачја од вкупната територија на државата.
Единици
  • Број на подрачја, ha, km2 и %.
Клучно прашање за политиката

Каков е прогресот на бројот и вкупната површина на заштитени подрачја, прогласени според националното законодавство?

Клучна порака

На национално ниво се очекува тренд на зголемување на бројот и вкупната површина на заштитените подрачја.

Зголемувањето на бројот и површината на заштитените подрачја на национално ниво е значајно за зачувување на природата/биолошката разновидност. Со тоа ќе се подобри националната политика за зачувување на природата преку спроведување на мерки и активности за заштита, зачувување и одржливо користење на биолошката разновидност.

Оценка

Активностите за прогласување на заштитените подрачја се содржани во националните стратешки документи од областа на заштитата на природата како што се Стратегијата за заштита на природата со Акционен План (2017-2027) и Стратегијата за биолошка разновидност со Акциски План за период (2008-2023). Заштитените подрачја се воспоставуваат со цел заштита на биолошката разновидност во рамките на Согласно член 65 од Законот за заштита на природата (“Службен весник на Република Македонија” бр 67/04, 14/06, 84/07, 35/10, 47/11, 148/11, 59/12, 13/13, 163/13, 41/14, 146/15, 39/16, 63/16 и 113/18), природните живеалишта, процесите што се случуваат во природата, како и абиотички карактеристики и пределна разновидност.

Со прогласување на заштитеното подрачје, се стекнува со статус на природно наследство.

Со донесувањето на Законот за заштита на природата во 2004 година и неговото стапување во сила (2005) донесена е нова категоризација на заштитените подрачја во согласност со критериумите на Светската унија за заштита на природата (IUCN) со што се овозможува вклучување на националните заштитени подрачја во светската мрежа на заштитени подрачја.

Во согласност со член 66 од Законот за заштита на природата, прифатени се шест категории на заштитени подрачја, во согласност со категоризацијата на IUCN:

1. Категорија I - (Iа) Строг природен резерват

( Ib) Подрачје на дивината

2. Категорија II - Национален парк (НП)

3. Категорија III - Споменик на природата (СП),

4. Категорија IV - Парк на природата (ПП),

5. Категорија V - Заштитен предел (ЗП) и

6. Категорија VI – Повеќенаменско подрачје (ПА)

Согласно Законот за заштита на природата заради утврдување на реалната состојба и обезбедување на стручна основа за изработка на актот за прогласување на заштитено подрачје се изработува Студија за валоризација или ревалоризација на заштитеното подрачјето. Содржината на студијата се пропишани во согласност со подзаконски акт - Правилник за содржината на Студијата за валоризација или ревалоризација на заштитено подрачје (Службен весник на РМ, бр. 26/12 година).

Националните цели, мерките и активностите за заштитените подрачја се вклучени во Стратегијата за биолошка разновидност со Акциски план за период (2018-2023) и Националната стратегија за заштита на природата со Акционен план (2017-2027).

Согласно Законот за заштита на природата Министерството за животна средина и просторно планирање е надлежен државен орган за водење и креирање на политиката на заштита на природата, заштита на биолошката и пределската разновидност и заштита на природното наследство, како и за управување со биолошката и пределската разновидност и природното наследство, чиј составен дел се заштитените подрачја.

Министерството за животна средина и просторно планирање врши надзор врз управувањето и заштитата на заштитените подрачја.

Заштитени подрачја со меѓународно признат статус

  • Споменик на природата „Охридско Езеро“ - Светско природно наследство (УНЕСКО) (1979);
  • Споменик на природата „Преспанско Езеро“ - Рамсарско место (1995);
  • Споменик на природата „Дојранско Езеро“ - Рамсарско место (2008);
  • Споменик на природата „Охридско Езеро“ - Рамсарско место (2021);
  • Споменик на природата „Маркови Кули“ – Светско природно наследство (Прелиминарна листа на УНЕСКО);
  • Споменик на природата „Слатински Извор“ - Светско природно наследство (Прелиминарна листа на УНЕСКО);
  • Прекуграничен биосферен резерват Охрид-Преспа прогласен според критериумите на Програмата на УНЕСКО “Човек и Биосфера (2014) и
  • Локалитетот Длабока Река во Национален парк Маврово од Република Северна Македонија е впишан на Листа на УНЕСКО за букови шуми.

Природни реткости

Законот за заштита на природата во член 90-а дава правен основ за заштита на одделни делови на природата како природни реткости. Како природни реткости можат да бидат прогласени одредени ретки, загрозени и ендемични, растителни и животински видови, нивни делови и заедници, релјефни форми, геолошки профили, палеонтолошки и спелеолошки објекти. Релјефни форми, геолошки профили, палеонтолошки и спелеолошки објекти, можат да бидат прогласени за природна реткост доколку нивната површина е помала од 100 хектари. Природните реткости се прогласуваат од страна на Министерот за животна средина и просторно планирање и тоа претставува добар модел на локално ниво за заштита на одделни стари стебла со изразити хабитуелни каратеристики, состоини од ендемични и ретки дрвенести видови, како и релјефни форми, геолошки профили, палеонтолошки и спелеолошки објекти.

Согласно Законот за заштита на природа извршена е ревалоризација на споменикот на природата - Платанови стебла во Охрид (вклучува 6 стари платанови стебла-чинари). Врз основа на изготвени елаборати за наведените стебла, како природни реткости во Охрид се прогласени Чинар – Пензионерско. Чинар - Влашка Маала, Чинар во централно градско подрачје на општина Охрид, Чинар – Воска, Чинар - Кошишта и Чинар пред зградата на Црвен Крст. Исто така и стеблото од Кочеџик во дворот на црквата Св. Богородица Перивлепта- Охрид е прогласено за природна реткост.

Почнувајќи од 1948 година, кога беше прогласен првиот Национален парк - Пелистер во Република Македонија, бројот и вкупната површина на различни категории на заштитени подрачја, на национално ниво, бележат постојан раст.

Системот на заштитени подрачја вклучува 82 подрачјa, кои зафаќаат површина од 357,778.05ha или околу 13,92 % од територија на Република Северна Македонијa.

Табела 1. Број и површина на заштитени подрачја по категории на заштита

Категории на заштитаспоред IUCN Број на подрачја Површина(ha) % од територија на РСМ
Ia. Строг природен резерват (СПР) 2 10 583,2 0,41
Ib. Подрачје на дивина (ПД) - - -
II. Национален парк (НП) 4 177 575 6,91
III. Споменик на природа (СП) 60 77.014,5 3,0
IV. Парк на природа (ПП) 12 3 039,8 0,12
V. Заштитен предел 3 64.260,55 2,5
VI. Повеќенаменско подрачје 1 25 305 0,98
Вкупно 82 357.778,05 13,92

Извор: Министерство за животна средина и просторно планирање 

Направен е значителен напредок во спроведувње на постапките за прогласување на нови заштитени подрачја. Согласно Законот за заштита на природата дел од Шар Планина е прогласен за заштитено подрачје во категорија II - Национален парк (Службен весник на РСМ бр. 151/21). Исто така, планината Водно беше прогласена за заштитено подрачје во категорија V - Заштитен предел (Службен весник на РСМ бр.195/21) и дел од Малешево за заштитено подрачје во категорија V – Заштитен предел (Службен весник на РСМ бр.286/21). Со тоа процентот на заштитени подрачја е зголемен од 10.8% на 13,92 % од територијана државата.

Националните паркови зафаќаат околу 6,91% од територијата на државата, потоа следуваат спомениците на природата со 3,0%, додека сите други категории на заштитени подрачја зафаќаат околу 4.01% од територијата на државата.

Со тоа е направен прогрес и надминат е предвидениот процент на заштитени подрачја од 11,5% од територијата на нашата држава, што бил утврден до 2020 година во Секторската студија за заштита на природното наследство, које е изготвена за потребите на Просторниот План на државата (2004).

 

Карта 1. Дистрибуција на заштитени подрачја (без поединечни стебла) на национално ниво

CSI 008 PrirodaMK 2022_KARTA

 

Извор: Министерсто за животна средина и просторно планирање 

МЖСПП спроведува постапка за прогласување на локалитетот Студенчишко Блатоза заштитено подрачје во категорија IV-Парк на природа, за прогласување на Кањон Матка за заштитено подрачје во категорија III – Споменик на природа и Белчишко Блато за парк на природата.

Изготвени се студии за валоризација на споменик на природа Охридско Езеро, Студија за валоризацијана Белчишко Блато-Парк на природата и Студија за валоризација на природните вредности на Малешевските Планини и Влаина.

Подобрено е управувањето со заштитените подрачја преку изработка и донесување на планови за управување.Изработен и донесен е План за управување со Национален парк Галичица за период 2021-2030 година. Во завршна фаза е донесување наПланот за управување со Национален парк Шар Планина и Заштитен предел - Осоговски Планини. Подготвени се и планови за управување со спомениците на природата Охридско Езеро, Преспанско Езеро и Маркови Кули.

Согласно Законот за заштита на природа извршена е ревалоризација на споменикот на природата – Платанови стебла во Охрид (вклучува 6 стари платанови стебла-чинари). Врз основа на изготвени елаборати за наведените стебла, како природни реткости во Охрид се прогласени Чинар – Пензионерско. Чинар – Влашка Маала, Чинар во централно градско подрачје на општина Охрид, Чинар – Воска, Чинар – Кошишта и Чинар пред зградата на Црвен Крст. Исто така и стеблото од Кочеџик во дворот на црквата Св. Богородица Перивлепта- Охрид е прогласено за природна реткост. Извршена е валоризација на уште 10 стари стебла со исклучителни хабитуелни карактероистики на различни локации во државаа.

Во текот на годините има зголемување на бројот на заштитени подрачја од 67 во 1990 година на 82 подрачја во 2021 година, од кои најголем број 60 подрачја припаѓаат на категоријата споменик на природата, а потоа следи категоријата парк на природата со 12 подрачја. Значи во во 2021 година регистрирана е промена во бројот на заштитените подрачја во однос на 2020 година.

 

График 1. Вкупен број на заштитени подрачја

CSI_008_Priroda2022_g1

 

График 2. Вкупна површина на заштитени подрачја

CSI_008_Priroda2022_g2

 

График 2 го покажува трендот на зголемување на вкупната површина на заштитените подрачја во км2 во периодот од 1990 до 2021 година. Во 2021 година регистрирана е промена во трендот и зголемување на вкупната површина на заштитените подрачја на национално ниво.

 

График 3. Површина на заштитени подрачја по категорија на заштита

CSI_008_Priroda2022_g3

 

График 3 го покажува трендот на површината на заштитени подрачја по категорија на заштита во км2 за период 1990-2020 година. Во 2021 година регистрирана е промена во трендот на површината на заштитени подрачја по категорија на заштита. Може да се забележи дека најголема површина од заштитените подрачја припаѓа на категоријата национален парк.

 

График 4. Процентуална застапеност на поединечните категории заштитени подрачја од вкупната територија на државата CSI_008_Priroda2022_g4

 

График 4 го покажува трендот на процентуална застапеност на поединечните категории на заштитени подрачја од вкупната територија на државата во км2 за период 1990-2020 година. Во 2021 година регистрирана е промена во трендот на процентуалната застапеност на поединечните категории на заштитени подрачја. Најголема процентуална застапеност од заштитени подрачја во однос на вкупнатата територија на државата е утврдено кај националните паркови.

Опфат на податоци: excel

 

Извор на податоци: МЖСПП, Национални паркови, други субјекти за управување со заштитени подрачја

Прогласување на заштитени подрачја на национално ниво претставува сложен и комплексен процес, кој бара вклучување на сите засегнати страни. Усогласувањето со различните засегнати страни, особено околу границите и зоните на заштитените подрачја, како и обезбедувањето на соодветен субјект за управување со заштитените подрачја што има соодветни финансиски и човечки ресурси се едни од главни предизвици што можат да го забават процесот на прогласување заштитени подрачја.

Поедноставување на постапката за прогласување на заштитени подрачја преку намалување на одредени барања од подзаконскиот акт-Правилник за содржината на студијата за валоризација или ревалоризација на заштитено подрачје може да го забрза процесот на прогласување на заштитени подрачја и да овозможи позитивен тренд во зголемувањето на бројот на заштитените подрачја и нивната површина во однос на територијата на државата.

Министерството за животна средина и просторно планирање води неколку постапки за прогласување на нови заштитени подрачја и повторно прогласување на заштитени подрачја со кои би се постигнал напредок во зголемувањето на бројот и површината на заштитени подрачја.

Потребно е да се обезбеди поголемо вклучување на заштитата на природата во другите сектори со цел да се направи прогрес и во зголемување на процентот на заштитени подрачја, но и обезбедување почитување на законодавството за заштита на природа, а во таа смисла и за заштитените подрачја во другите сектори (шумарство, земјоделство, енергетика, економија, транспорт, туризам и др.). Особено потребно е да се зголеми едукацијата на национално, регионално и локално ниво за значењето што го имаат заштитените подрачја, како и бенефитите кои тие можат да ги пружат, особено во обезбедувањето на екосистемски услуги.

Методологија
  • Методологија за пресметка на индикаторот

Постапката за валоризација и прогласување на различните категории на заштитени подрачја е пропишана со Законот за заштита на природата и дополнителни подзаконски акти.

Цели

Глобалната цел 11 од Конвенцијата за заштита на биолошката разновидност која се однесува на заштитените подрачја е вградена во Акциониот План на Национална стратегијата за биолошката разновидност за период (2018-2023). Согласно оваа цел предложено е да се зголеми површината на заштитени подрачја до 15%, да се обезбеди нивно функционално поврзување како еколошка мрежа и да се воспостави ефективно управување со заштитените подрачја во соработка со локалните заедници до 2023.

Обврска за известување
  • Европска агенција за животна средина
  • Секретаријат на Конвенцијата за биолошка разновидност (CBD)
  • Секретаријат на Конвенција за заштита на дивиот свет и природните живеалишта во Европа (Бернска конвенција)
  • Секретаријат на Рамсарска Конвенцијa
Општи мета-податоци
Тема Природа Поврзаност со други теми/сектори Земјоделство, Шумарство, Енергија, Транспорт, Туризам
Код на индикаторот MK НИ 008 Временска покриеност 1990-2021
Име на индикаторот Заштитени подрачја Извор на податоци Студии за валоризација/ревалоризација на заштитени подрачја, планови за управување со заштитени подрачја, база на податоци за Натура 2000 и Емералд мрежа,  катастар на заштитени подрачја, закони за прогласување на заштитени подрачја, национални извештаи кон меѓународни конвенции (VI Национален извештај за Конвенција за биодиверзитет – CBD, извештаи за  Рамсарска, Бернска конвенција итн.), извештаи за Европска агенција за животна средина (ЕЕА), извештаи од проекти поврзани со заштитени подрачја и зачувување на природата, годишни извештаи за реализирани активности на Секторот за природа и др 
Класификација по ДПСИР Р Датум на последна верзија 02.09.2022
Тип А Подготвено/ажурирано од: М-р Влатко Трпески
М-р Сашко Јорданов
Едита Зеќировиќ
Фреквенција на публикување Годишно Контакт v.trpeski@moepp.gov.mk
s.jordanov@moepp.gov.mk
e.zekjirovikj@moepp.gov.mk
Поврзаност со други индикатори
МК НИ 008 Заштитени подрачја EEA – Европска агенција за животна средина IND-142/C, SEBI 007 Nationaly designated protected area
UNECE – Економска комисија на Обединетите нации за Европа D1/63 – Total protected areas by IUCN categories
Каталог на индикатори за животна средина 120 – Nationally designated protected areas
SDG – Цели за одржлив развој 15 – 15.1.2
Proportion of important sites for terrestrial and freshwater biodiversity that are covered by protected areas, by ecosystem type
GGI – Индикатори за зелен раст не
Кружна економија не