Овој индикатор ја презентира состојбата на земјината покривка во согласност со номенклатура усвоена на европско ниво со редовно ажурирање на шестогодишни интервали.
- Хектари и m2 на жител.
Колку и какви мерки се преземаат за зачувување и планска експлоатација на природните ресурси?
Информациите за статусот на земјината покривка, со редовните ажурирања на секои 6 години, дава прецизни податоци за ефектите на мерките кои се преземаат за заштита на природните ресурси, како и насоки за понатамошно делување.
Претставено во m2 на жител, во разгледуваниот период, има пораст на површините од 15,1% во типот вештачки површини, додека пад на површината на жител има кај земјоделските површини од 8,4%, шумски и полуприродни области од 6,6% и водни тела од 10,6%.
Постојат повеќе начини како да се влијае на зачувување и планска експлоатација на природните ресурси: преку планирање, вклучувајки просторни планови на ниво на држава, регионални и локални, прогласување на заштитени зони, програми за ревитализација на загрозени области, стратешки пристап кон планирање и имплементација на инфраструктурни објекти на национално ниво, како и строго контролиран процес на урбанизација.
Карта 1. CORINE Land COVER 2018
График 1. Површина на поединечни области според номенклатурата на CORINE
График 2. Површина по статистички региони (NUTS3) според номенклатурата на CORINE во хектари
Табела 1. Површина на поединечни области според номенклатурата на CORINE, претставено во m2 на жител
Површина во ha | Површина во m2/жител | |||||||
2000 | 2006 | 2012 | 2018 | 2000 | 2006 | 2012 | 2018 | |
Проценет број на жители на 31.12 | 2,031,112 | 2,041,941 | 2,062,294 | 2,077,132 | ||||
Вештачки површини | 38,900 | 41,400 | 43,000 | 45,993 | 192 | 203 | 209 | 221 |
Земјоделски површини | 973,900 | 939,000 | 927,976 | 912,508 | 4,795 | 4,599 | 4,500 | 4,393 |
Шуми и полуприродни области | 1,587,900 | 1,548,800 | 1,556,449 | 1,516,995 | 7,818 | 7,585 | 7,547 | 7,303 |
Мочуришта | 2,000 | 2,000 | 1,950 | 2,154 | 10 | 10 | 9 | 10 |
Водени тела | 59,100 | 56,400 | 55,856 | 53,905 | 291 | 276 | 271 | 260 |
Опфат на податоци: excel
Извор на податоци: CORINE Land Cover, Министерство за животна средина и просторно планирање
Согласно овој индикатор, во 2018 година повеќе од половината на територијата Северна Македонија беше покриена со шумско и друго полуприродно земјиште (околу 59% од вкупната територија) додека доминантен дел од останатото земјиште припаѓа на земјоделски површини (околу 35,49% од вкупната територија). Истовремено, вештачки површини покривале помалку од 2% (1.8% од вкупната територија) од површината на земјата, а водните тела околу 2.2% (2,1% водни тела и 0.1% мочуришта).
Поради карактеристиките на земјината покривка на територијата на Република Северна Македонија, од 44 можни класификации според Номенклатурата CORINE LandCover, идентификувани се 33 класификација до трето ниво на Номенклатурата.
Иако поедините типови на земјина покривка генерално имаат рамномерна дистрибуција на територијата на државата, гледано од аспект на статистички региони (NUTS3 ниво) може да се констатира одредена разлика во дистрибуцијата. Евидентно е дека вештачките површини се концентрирани најмногу во Скопскиот регион 23,8%, што е логично имајки предвид дека во овој регион е и главниот град на државата.
Земјоделските површини се со најголем процент во Пелагонискиот регион 22,1%, како најголема житница во државата, иако висок процент има и во Вардарскиот 18,6%, Источниот 16,8% и Североисточниот регион 13,2%, каде се лоцирани познати земјоделски капацитети.
Шумските и полуприродните области се најрамномерно распостранети, иако е очигледна повисоката концентрација во Југозападен 17,5% и Вардарскиот регион 15,2% каде се опфатени наголемите планински масиви.
Мочуриштата се лоцирани главно во Пелагонискиот регион 56,6% заради рамничарскиот карактер на делови од регионот и изобилие на водни ресурси.
Водните тела се лоцирани главно во два региона, Југозападен 50,7% и Пелагонискиот 34,7%, каде се опфатени двете најголеми природни езера во државата.
Претставено во m2 на жител, во разгледуваниот период, има пораст од 15,1% само во типот вештачки површини, од 192m2 на жители во 2000 година на 221m2 на жител во 2018 година. Во сите три останати типови на земјина покривка има пад на површината на жител и тоа: земјоделски површини 8,4%, шумски и полуприродни области 6,6% и водни тела 10,6%. Во типот мочуришта нема промени.
- Методологија за пресметка на индикаторот
Методологијата за пресметка на индикаторот е дефинирана и усогласена на европско ниво и е непроменета во целиот период на имплементација на проектот, почнувајки од референтна година 1990. Техничкото упатство за изработка на CORINE Land Cover е изработено од страна на Европската агенција за животна средина.
Основа за идентификација на земјината покривка се сателитски снимки. Во зависност од условите, за секоја референтна година се обезбедуваат снимки за два вегетативни периоди во истата година. Дополнително, заради усогласување на ниво на Европа, сите сателитски снимки се обезбедуваат во ист период за сите држави за кои се изработува CORINE Land Cover.
Минималната површина која се евидентира е 25 ha, односно 100 m ширина на полигон. За презентација на податоците честопати се користат и km2.
Освен за иницијалната инвентаризација на земјината покривка, референтна година 1990, во сите други фази процедурата се состои од:
- Идентификација на промените на земјината покривка во период тековна година – претходна инвентаризација. Минимална површина за евиденција на промени е 5 ha.
- По идентификација на промените се врши нивна интеграција во финалната база за земјината покривка.
Самиот процес на фотоинтерпретација на сателитски снимки се состои од:
- Обележување на границите на површини што претставуваат единствени единици на земјината површина на снимка со „лажни“ бои;
- Користење на клучеви за интерпретација, помошна документација и сателитски/авионски снимки за означување на идентификациски број – класа од номенклатурата;
- Екстраполација на ова вцртување и идентификација на сите делови на снимката кои изразуваат слични карактеристики: боја, структура и состав.
Следење на промените на земјината покривка и мапирање на тековната состојба. Промените се следат во шестогодишни интервали. Дополнително, усогласената методологијата и номенклатурата за овој индикатор на ниво на Европа, овозможува интегрирано следење на промените на регионално и европско ниво.
- EEA
- Годишен извештај од обработени податоци за животна средина
МК НИ 013 Земјина покривка | EEA – Европска агенција за животна средина | нема еквивалент |
UNECE – Економска комисија на Обединетите нации за Европа | E1/70 – Total land uptake | |
Каталог на индикатори за животна средина | 114 – Settlement area per capita | |
SDG – Цели за одржлив развој | 11. Eurostat 11.31 Settlement area per capita |
|
GGI – Индикатори за зелен раст | да | |
Кружна економија | да |