Индикаторот ја прикажува средногодишната температура на воздухот за подолг временски период и отстапувањето на средногодишната температура во однос на повеќегодишниот просек во земјата во целина и во одделни региони.
- Степени Целзиусови (°C)
Каков е трендот на средногодишната температура на воздухот и нејзиното отстапување од просечната средногодишна температура на воздухот?
Во разгледуваниот период може да се забележи покачување на средногодишната температура на воздухот во сите четири разгледувани населени места, односно позитивно отстапување од просечната средногодишна температура на воздухот.Отстапувањето од средногодишната температура на воздухот за периодот од 1961 до 1990 година, за Битола се движипомеѓу -1,9и 1,9°C, за Гевгелија помеѓу 0,5 и 2,5°C и за Лазарополе помеѓу -0,2 и 1,7°C. Во Скопје отстапувањето од средногодишната температура на воздухот за периодот од 1981 до 1990 година се движи помеѓу-0,4и 2,0°C.
График 1. Тренд на средногодишната температура во избрани мерни станици
График 2. Отстапување на средногодишната температура од просечната средногодишна температура на избрани мерни станици
Опфат на податоци: excel
Извор на податоци: Управа за хидрометеоролошки работи
Индикаторот ги зема во предвид податоците за средната годишна температура на воздухотод 1990 до 2021 година, просечната средногодишна температура на воздухот за период 1961-1990 година и отстапувањата на средната годишната температура од просечната.
Дадени се податоци заБитола, вторград по големина,Гевгелија, место со највисока и Лазарополе,место со најниска,просечна средногодишна температура.За Скопје земенае во предвид просечната средногодишна температура запериод 1981-1990 година.
Во Скопје средногодишната температура на воздухот во2021година во однос на просечната вредност за период 1981-1990 година, има зголемување за 1,1°C, но во однос на претходната година е помала за 0,1 °C. Најтоплагодина со средногодишна температура од 14,6°C била 2019,со најголемото отстапување од просечната средногодишна температура2,0°C. Најладнагодина со средногодишна температура од 12,2°C била 2005, која е за 0,4 °C помала од просечната вредност за период 1981-1990 година.
Во Битола средно годишната температура на воздухот во 2021 година во однос на просечната вредност за период 1961-1990 година, има зголемување за 1,6°C, но во однос на претходната е поголема за 0,1°C. Најтопла година со средногодишна температура од 12,9°C била 2019 година и оваа година било и најголемото отстапување од просечната средногодишна температура, и изнесува 1,9°C. Најладнагодина со средногодишна температура од 10,7°C била 2006, која е за 0,3°C помала од просечната вредност за период 1961-1990 година.
Во Гевгелија средно годишната температура на воздухот во 2021 година во однос на просечната вредност за период 1961-1990 година, има зголемување за 1,7°C, но во однос на претходната е помала за 0,2°C. Најтоплагодина со средногодишна температура од 16,6°C била 2019 година со најголемото отстапување од просечната средногодишна температура кое изнесува 2,5°C. Најладнагодина со средногодишна температура од 14,6 °C била 1995, која е за 0,5°C поголема од просечната вредност за период 1961-1990 година.
Во Лазарополе средно годишната температура на воздухот во 2021 година во однос на просечната вредност за период 1961-1990 година, има зголемување за 0,1°C, но во однос на претходната е помала за 0,8°C. Најтопла година со средногодишна температура од 8,5°C билa 2019 година и овaa годинa било и најголемото отстапување од просечната средногодишна температура кое изнесува 1,7°C. Најладнагодина со средногодишна температура од 6,6°C била 1995, која е за 0,2 °C помала од просечната вредност за период 1961-1990 година.
Годишните отстапувања од просечната средногодишнатемпература во сите разгледувани населени места се движат помеѓу -0,4°C и 2,5°C.
- Методологија за пресметка на индикаторот
Под температурата на воздухот се подразбира температурата на амбиенталниот воздух, мерена на сенка (во метеоролошка куќичка) на висина од 2 метри. Таа се мери на конвенционален начин со стандарден стаклен термометар (живин или алкохолен), специјално конструирани максимални и минимални термометри и/илисо електронски сензор во состав на автоматските метеоролошки станици. Основни показатели за температурата на воздухот зададеналокација, се: среднадневнатемпература, максималнадневна иминималнадневнатемпература.
Обработкатанаизмернитеподатоцисесостоивопресметувањесреднитемпературизаодреденпериод(ден, месец и година) и/илинаоѓањенанајголемите и најмалитевредности.
Среднатадневнатемператураседобивасо помошнатемпературитенавоздухотизмерениво 07, 14 и 21 часот (помесновреме) споредформулата: Тавг = (Т7+Т14+2*Т21)/4
Среднамесечнатемпературапретставувасума насреднидневнитемпературиподелена со број на денови во дадениот месец.
Средна годишна температура на воздухот претставува сума на средномесечните температури на воздухот поделена со 12.
Највисоката средномесечна температура на воздухот е најголемата вредност на средномесечната температура во текот на годината.
Најниската средномесечна температура на воздухот е најмалата вредност на средномесечната температура во текот на годината.
Во минатото метеоролошките мерења во Скопје се одликуваат со чести промени на локацијата. Првите метеоролошки мерења во Скопје датираат од 1924 г. (дождомерна станица), а како климатолошка станица започнува со мерења во 1944 во стар Аеродром (сегашна локација на бул. Јане Сандански) и потоа во 1967 г. станицата се преместува на тогашниот аеродром Петровец, сега Меѓународен аеродром Скопје. Метеоролошката станица на Зајчев Рид е основана 1978, и одтогаш работи со постојани мерења на метеоролошките елементи и појави.
Според досегашните истражувања вршени во Секторот за метеорологија и добиените резултати, Главната метеоролошка станица Скопје е порепрезентативна за Скопската котлина и поширокото урбано подрачје на градот Скопје, за разлика од станицата на Меѓународен аеродром Скопје чија основна намена се метеоролошки мерења за воздухопловството.
Од наведените причини, како најрелевантни податоци ги предлагаме податоците од Скопје (Зајчев Рид), како современа метеоролошка опсерваторија. Заради претходно кажаното за град Скопје земена е просечна средногодишнатемпературана воздухот запериод од 1981 до 1990 год.
Во својата политика за климата, Европската унија предложи порастот на глобалната средна температура да се ограничи на под 2°C во однос на прединдустриските нивоа.
- Светска метеоролошка организација.
МК НИ 012Температура на воздухот | EEA – Европска агенција за животна средина | IND-4/CSI 012, CLIM 001 Global and European temperature |
UNECE – Економска комисија на Обединетите нации за Европа | B1/26 Air temperature |
|
Каталог на индикатори за животна средина | 47 – Global and European temperature | |
SDG – Цели за одржлив развој | 13, Climate action | |
GGI – Индикатори за зелен раст | да | |
Кружна економија | не |