Средеба на Меџити со грчката амбасадорка Филипиду

News
Првиот заменик претседател на Влада и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити оствари средба и со амбасадорката на Грција во Северна Македонија, Н.Е. Софија Филипиду
Средеба на Меџити со грчката амбасадорка Филипиду
10.07.2024
Фокусот на разговорите беше на заштитата на животната средина и прекуграничната соработка, работи кои се од суштинско значење за одржливиот развој на регионот

Првиот заменик претседател на Влада и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити оствари средба и со амбасадорката на Грција во Северна Македонија, Н.Е. Софија Филипиду.

 

 

Фокусот на разговорите беше на заштитата на животната средина и прекуграничната соработка, работи кои се од суштинско значење за одржливиот развој на регионот.

Се разговараше за  Договорот за Преспа Паркот, потпишан во 2010 година и ратификуван во 2019 година, со кој се создадени важни структури за управување со Паркот, при шро заеднички беше ставот дека е неопходно да се зајакнат овие структури и да се обезбедат потребните ресурси за исполнување на целите.

 

 

Исто така, за време на средбата се разговараше иза досегашните достигнувања, предизвиците и начините за подобрување на соработката за заштита на уникатниот биодиверзитет Преспа Паркот, Дојранското Езеро и проектите во енергетската инфраструктура. Беа предложени заеднички решенија за управување со водните ресурси и намалување на прекуграничното загадување.

Submitted by alfa4 on 10.07.2024 - 10:00