Согласно Законот за животна средина, од 1 Јануари 2006 година почна имплементацијата за новите законски обврски за индустријата, а кои се однесуваат на Интегрирано спречување и контрола за загадување. Овој систем на дозволи е опфатен со две глави во законот, глава XII - Интегрирани Еколошки Дозволи и глава XIV - Дозволи за усогласување со оперативни планови.
Рокот за поднесување на барања за А интегрирана еколошка дозвола веќе започна и првото шестомесечје се однесува на инсталациите за производство и преработка на метали, како и за штавење кожа (01.01.2006 до 01.07.2006).
Распоредот за поднесување на барања за А интегрирана дозвола за целата индустрија е определен со Уредбата за определување на активностите на инсталациите за кои се издава интегрирана еколошка дозвола односно дозвола за усогласување со оперативен план и временски распоред за поднесување на барање за дозвола за усогласување со оперативен план (Сл.Весник 89/05).
Операторите на постоечките инсталации треба да поднесат барање за дозвола за усогласување со оперативен план. Видот на документот (А или Б) зависи од капацитетот на инсталацијата. За нови инсталации се поднесува барање за интегрирана еколошка дозвола.
ОБЈАВА на барање за добивање дозвола за усогласување со оперативен план
Уплата на надоместокот за поднесување на барањето за добивање на дозвола за усогласување со оперативен план или поседување на дозволата.
Уплатата се врши на Министерство за животна средина и просторно планирање:
Трезорска сметка ( депонент НБ на РМ ) 1000 000 000 630 95
На ж.сметка. 1210115202 631 – 10
Програма C Подпрограма С1
Приходно конто 718 136
ЕМБС – 52 62 887
ИСКЗ - Регулатива
ИСКЗ - Упатства
Упатство за надоместоци за ИСКЗ
Секторски упатства за НДТ (најдобри достапни техники)
- ИСКЗ - Секторски упатства за третман на отпадни води и отпадни гасови
- ИСКЗ – Секторски упатства за НДТ - ПРОИЗВОДСТВО НА ЧЕЛИК
- ИСКЗ – Секторски упатства за НДТ - ПРЕРАБОТКА НА ФЕРО МЕТАЛИ
- ИСКЗ – Секторски упатства за НДТ - ПРОИЗВОДСТВО НА ОБОЕНИ МЕТАЛИ
- ИСКЗ – Секторски упатства за НДТ - МОНИТОРИНГ
- ИСКЗ – Секторски упатства за НДТ – ПРОИЗВОДСТВО НА ЦЕМЕНТЕН КЛИНКЕР
- ИСКЗ – Секторски упатства за НДТ - ПРОИЗВОДСТВО НА КЕРАМИКА
- ИСКЗ – Секторски упатства за НДТ – ИНТЕНЗИВНО ОДГЛЕДУВАЊЕ НА ЖИВИНА
- ИСКЗ – Секторски упатства за НДТ – ИНТЕНЗИВНО ОДГЛЕДУВАЊЕ НА ЖИВИНА
Изготвени технички секторски упатства за НДТ од страна на комисијата за НДТ
- Секторско упатство за НДТ за производство на цемент
- Секторско упатство за НДТ за интензивно одгледување на живина
- Пропратно писмо
- Технички упатства за НДТ за производство на челик
- Технички упатства за НДТ за преработка на железо и челик
- Технички упатства за НДТ за самомониторинг во активностите во ИСКЗ
- Технички упатства за НДТ за третман на отпадни гасови и отпадни води
ИСКЗ - Обрасци
Обрасци за добивање на искз дозвола и упатства за пополнување на истите
Упатство за подготовка на образецот за А-дозвола за усогласување/А- интегрирана еколошка дозвола
Анекс 1; Анекс 2; Анекс 3; Анекс 4;
- ИСКЗ - Образец за А Интегрирана еколошка дозвола;
- ИСКЗ - Образец за барање на А интегрирана еколошка дозвола;
- ИСКЗ - Образец за пренос на А интегрирана еколошка дозвола;
- ИСКЗ - Образец за Б Интегрирана еколошка дозвола;
- ИСКЗ - Образец за барање на Б интегрирана еколошка дозвола;
- ИСКЗ - Образец за пренос на Б интегрирана еколошка дозвола;
- ИСКЗ - Образец за барање за дозвола за усогласување А;
- ИСКЗ - Образец за барање за дозвола за усогласување Б;
- ИСКЗ - Образец за дозвола за усогласување А;
- ИСКЗ - Образец за дозвола за усогласување Б;
- ИСКЗ - Образец за оперативен план;
Документи потребни за поднесување на барање и добивање на дозвола се:
Според видот на инсталцијата и целта на барањето можете да преземете еден од следните документи:
- Образец за поднесување на барање за А интегрирана еколошка дозвола. (за нови инсталации опфатени со прилог 1 од Уредбата)
- Упатство за подготовка на образецот за А-дозвола за усогласување / А-интегрирана еколошка дозвола
- Образец за поднесување на барање за А дозвола за усогласување. (за постоечки инсталации опфатени со прилог 1 од Уредбата)
- Образец за оперативен план.
- Образец за поднесување на барање за Б интегрирана еколошка дозвола. (за нови инсталации опфатени со прилог 2 од Уредбата)
- Образец за поднесување на барање за Б дозвола за усогласување.
Овие документи се дел од Правилникот за постапката за издавање дозвола за усогласувње со оперативен план, Правилникот за постапката за добивање на А интегрирана еколошка дозвола и Правилникот за постапката за добивање Б интегрирана еколошка дозвола (Сл.весник бр. 4 од 2006 година).
ИСКЗ - Документација
Програма
Уредби ИСКЗ (IPPC)
- УРЕДБА (св 117/07) за висината на надоместокот кој го плаќаат операторите на инсталациите кои вршат активности за Б-интегрирана еколошка дозвола - (Св. 117/07))
- УРЕДБА (св 117/07) )за висината на надоместокот кој го плаќаат операторите на инсталациите кои вршат активности за кои се издава дозвола за усогласување со оперативен план - (Св. 117/07))
- УРЕДБА (св 89/05) IPPC - за определување на активностите на инсталациите за кои се издава интегрирана еколошка дозвола / дозвола за усогласување со оперативен план и временски распоред за поднесување на барање за дозвола за усогласување со оперативен план