Одделение
Го координира програмирањето и мониторингот на програмите и проектите финансирани од ИПА.
Одделението за програмирање и мониторинг на инструментот за претпристапна помош (ИПА) ги врши следните работи и задачи:
- Во функција на ИПА структура на министерството во рамките на ИПА II и Тело за управување со програмите за животна средина, а во согласност со оперативните договори за ИПА и прирачниците за внатрешни процедури за работа, го координира програмирањето и мониторингот на програмите и проектите финансирани од ИПА;
- Обезбедува информации за приоритетите во секторот животна средина со цел соодветно програмирање на средствата, и ја следи нивната реализација преку следење на НПАА и останати стратешки документи заради соодветен мониторинг;
- Ги координира сите активности за подготовка, измена и дополнување на ИПА апликации, листи за идентификација на операции (ОИС), годишни и повеќегодишните акциски програми за животна средина финансирани од ИПА;
- Дефинира релевантните секторски показатели/индикатори за следење на ИПА, го следи нивното реализирање, како и реализацијата на показателите/индикаторите за следење на ИПА проектите;
- Проверува дали изведувачот ги исполнува обврските во согласност со претходно дефинираните услови и стандарди за квалитет; ја координира проверката на извештаи од страна на изведувачите; ја координира евиденцијата и контролата на распоредот на проектните консултанти; ја координира евиденцијата на работните листови (timesheet); ја координира проверката на времените ситуации и др.