Одделение за интегрирано спречување и контрола на загадувањето

Одделение
Одделението за ИСКЗ врши имплементација на законските одредби за ИСКЗ, ги спроведува постапките за издавање на А/Б - интегрирани еколошки дозволи
Одделение за интегрирано спречување и контрола на загадувањето

Oпис на дејноста и обврските на одделението:

  • Одделението работи во остварувањето на програмските задачи и активности од областа индустриско загасување, запазувајќи ги законските рокови за спроведување на системот за интегрирано спречување и контрола на загадувањето.
  • Разгледување и анализа на барањата за интегрирани еколошки дозволи.
  • Изготвување на интегрирани еколошки дозволи, вршење на увид на лице место на исталацијата за која се изготвува интегрирана еколошка дозвола.
  • Изготвува записници од состаноците и од теренските посети на инсталациите.
  • Врши размена на податоци со други служби во министерството, особено со Државниот инспекторат за животна средина, државни органи, ЕЛС и невладини организации, одржува состаноци, јавни расправи, објавување на барањата, нацрт дозволите и издадените А/Б-ИЕД дозволи.

Во рамките на активностите на Одделението за ИСКЗ е и водењето на Регистар на издадени А/Б-ИЕД дозволи од страна на МЖСПП како и од страна на Општините во РСМ. Воедно, се разгледуваат и Б-ИЕД дозволите издадени од страна на ЕЛС. Доколку се утврдат недостатоци, се информираат надлежните органи во врска со истите, дава насоки за спроведување на процедурата за Б-ИЕД дозволи процесуирање на Б-дозволи за инсталации во заштитени подрачја или кога општината нема капацитет да ги процесуира истите.
 

Работно време
Пон-Пет: 07:30-15:30