Координира работи на одделението во процесот на имплементација на законските одредби и подзаконските акти во врска со интегрираното спречување и контрола на загадувањето
Одделение за хемикалии и индустриски несреќи
Раководител на одделение
Раководител на одделение за ХИН
Phone
Опис на работната позиција
Раководи и координира работи на одделението во процесот на имплементација на законските одредби и подзаконските акти во врска со интегрираното спречување и контрола на индустриското загадување
Раководител на одделение за ХИН - обврски
Листа на обврски-одговорности:
- Соработува со другите раководни административни службеници од институцијата и со раководни административни службеници на соодветно ниво од други органи, за прашања од делокруг на организационата единица со која раководи;
- Во случај на отсуство или спреченост на непосредно претпоставениот административен службеник го заменува истиот врз основа на овластување од секретарот
- Раководи со работата на одделението, ја организира и насочува работата во имплементација на законските одредби во делот кој го опфаќа процесот на управување со хемикалии што се во надлежност на министерството и управувањето со индустриските несреќи.
- Се грижи за евиденцијата на инсталациите кои работат со одредени количества на хамикалии, го следи процесот на импламентација на обврските кои проилзегуаат прометот на хемикалии.
- Го организира и го следи остварувањето на програмските задачи и активности во овие области, дава стручна помош за одделни прашања од делокругот на работите на одделението,
- Соработува и ја координира соработката со другите организациони облици во министерството, со државните органи, со научните и стручните институции и со невладините организации од земјата и странство,
- ги координира активностите во делот на изготвувањето на научно-стручни студии и елаборати.
- Изготвува годишна програма и план за работата на одделението.
- Должен е редовно да доставува извештај за својата и работата на одделението до непосредниот раководител
- Донесува предмети во управна постпка