Беса Татеши

Координира работи на одделението во процесот на имплементација на законските одредби и подзаконските акти во врска со интегрираното спречување и контрола на загадувањето
Одделение за интегрирано спречување и контрола на загадувањето
Раководител на одделение
Раководител на одделение за ИСКЗ
Опис на работната позиција

Раководи и координира работи на одделението во  процесот на имплементација на законските одредби и подзаконските акти во врска со интегрираното спречување и контрола на индустриското загадување

Раководител на одделение за ИСКЗ - обврски

Листа на обврски-одговорности:

  • Соработува со другите раководни административни службеници од институцијата и со раководните административни службеници на соодветно ниво од други органи,  за прашања од делокругот на организационата единица со која раководи; 
  • Раководи со работата на одделението, ја организира и насочува работата во имплементација на законските одредби во делот кој го опфаќа процесот на интегрирано спречување и контрола на загадувањето, а при тоа го организира и следи остварувањето на програмските задачи и активности од оваа област особено во запазување на законските рокови;
  • Дава стручен придонес во разгледувањето на барањата за интегрирани еколошки дозволи или дозволи за усогласување со оперативен план,  
  • Дава стручен придонес при изготвување на интегрираните еколошки дозволи или дозволи за усогласување со оперативен план;
  • Соработува со други државни органи, ЕЛС, научни и стручни институции, невладини организации од земјата и странство, го координира спроведувањето на процедурите во доменот на информирање на јавноста при процесот за спроведување на процедурата за ИСКЗ, како и учествува во постапката за идавање на А-ИЕД дозволите; 
  • Врши непосредна контрола и надзор над извршувањето на работите и задачите од одделението, ја организира работата и предлага концепти на заклучоците на работните тела, подготвува и предлага план за работа на одделението и се грижи за реализирање на планот за работа, ја координира, обединува и насочува работата во одделението. Учествува во одлучувањето за спроведувањето на конкретните одлуки за работите кои се вршат во одделението и дава препораки за нивна имплементација; 
  • Остварува редовни контакти со другите раководители на одделенија во секторот и разменува информации и искуства. Изготвува годишна програма и план за работата на одделението;
  • Донесува предмети во управна постапка
     
Образование
Дипл.инг. по Биотехнологија; Универзитет во Загреб, Хрватска.
Обуки и усовршување
“Регулатива за транспорт на опасни материи”, IATA, Женева, Швајцарија.
“Зајакнување на капацитетите на земјите домачини на CDM/JI за земјите од ЈЕ и CIS земјите”, JICA, Токио, Јапан.
“Контрола на загадување од опасни супстанции во животната средина”, JICA, Осака, Јапан
“Национален експерт за почисто производство; UNIDO, Скопје”, РСМ
“Стратегија за управ ување со хемикалии SIDA”, Стокхолм, Шведска
РТА на Земја корисник, ИПА Твининг Проект, “Зајакнување на административните капацитети во централно и локално ниво за транспозиција и имплементација на Директивата за Индустриски емисии 2010/75/EU” - MK 11 IB EN 01 (2015-2017)
РТА на Земја корисник, ИПА Твининг Проект, “Понатамошно зајакнување на капацитетите за ефективно спроведување на acqui-то во областа на индустриското загадување” - МК 20 IPA EN 02 22 (2023-во тек)
Информатички технологии
Има општо познавање од информатички технологии
Јазици
Албански
Англиски
Српско-Хрватски
Турски
Работно искуство
Јануари 2021-во тек Раководител на Одделение за ИСКЗ, МЖСПП
Јули 2018-Септември 2020 Портпарол на МЖСПП, МЖСПП
Март 2008-Јануари 2021 Советник за ИСКЗ, МЖСПП
Септември 2004-Септември 2006 Советник за безбеден превоз на опасни материи по возду- шен пат, Агенција за цивилна и воздушна пловидба
Септември 1996 - Aвгуст 2000 Преведувач (Aлбански/Хрватски/Англиски) Друштво за психолошка помош, Загреб, Хрватска