Листа на обврски-одговорности:
- Раководи со Одделението, ги организира и ги координира работите во Одделението и е одговорен за нивното навремено, законито и квалитетно извршување;
- Врши и координира активности во процесот на подготовка на буџетот на Министерството
- Го координира процесот за подготвување, изменување и дополнување на буџетот за сметките на Министерството подготвува предлог-годишен буџет за сметките на Министерството
- Го координира процесот на развој, воспоставување, спроведување и одржување на финансиското управување и контрола;
- Дава предлози за воспоставување/укинување на ex-ante финансиска контрола со вршење на проценка на ризик;
- Ажурирање на процедурите за работните процеси од областа на финансиското управување и контрола;
- Подготовка на Годишниот финансиски план од Законот за јавна внатрешна финансиска контрола;
- Следење и примена на законската регулатива од областа на буџетското работење;
- Дава предлози за политики по начелни прашања од областа на буџетското работење;