Листа на обврски-одговорности:
- Раководи со одделението, ја организира, насоучува и координира работата во делот на соработка со локалната самоуправа
- Врши непосредна контрола и надзор над извршувањето на задачите на вработените
- Распоредува работи и задачи на вработените во одделенето
- Координира меѓуопштинска соработка од областа на животната средина со цел поефикасно извршување на надлежностите од страна на општините
- По барање на ЕЛС, укажува за материјалните и процедуралите недостатоци во работите на органите на општините, следи навремено донесување на прописите кои општините ги носат согласно законите од областа на животната средина и просторното планирање, го следи процесот на реформи во животната средина и предлага мерки за негова имплементација, како и законитоста на работата и постапувањето на органите на локалната самоуправа
- Предлага Годишен План за вршење на на надзор над законитоста на работењето на општините, општините на Град Скопје и Градот Скопје
- Дава предлози за политики по начелни прашања за области во кои се врши надзор и го организира надзорот над спроведувањето на законите и прописите од областа на животната средина, како и законитоста на работата и постапувањето на органите на локалната самоуправа
- Организира извршување на работи и задачи што се однесуваат на решавање на поединечни акти донесени од локалната самоуправа за кои решава министерството