Мелита Гочевска

Раководи со организационите работи кои се однесуваат на работи поврзани со концесиите за користење на вода
Одделение за концесии и меѓуресорска соработка
Раководител на одделение
Раководител на ОКМС
Опис на работната позиција

Раководи со организационите работи кои се однесуваат на работи поврзани со концесиите за користење на вода

Раководител на ОКМС - обврски

  • Соработува со другите раководни административни службеници од институцијата и со раководни административни службеници на соодветно ниво од други органи,  за прашања од делокруг на организационата единица со која раководи;
  • Раководи и го координира одделението во процесот на имплементацијата на законските одредби и подзаконските акти
  • Го организира и го следи остварувањето на програмските задачи и активности во овие области, дава стручна помош за одделни прашања од делокругот на работите на одделението
  • Соработува и ја координира соработката меѓу  надлежните органи на државна управа на која упатуваат одредбите на  Законот за водите и на Законот за концесии и Јавно приватно партнерство
  • Учествува во подготовка на подзаконските акти кои се однесуваат на постапката за издавање на водни права и доделување на концесии за користење на водите.
  • Ги организира работите околу подготвување и спроведување на постапката за доделување на концесии
  • Ја координира  постапката за издавање на дозволи поврзани со  концесиската постапка 
  • Учествува во одлучувањето за спроведувањето на конкретните одлуки за работите кои се вршат во одделението по предходни инструкции од повисоко ниво и дава препораки за нивна имплементација
  • Планира дневни задолженија, ги распоредува работите и задачите во одделението,одговара за навремено, законите ги спроведува во дадените насоки и дава упатства за извршување на работите и задачите
  • Врши непосредно контрола и надзор над извршувањето на работите и задачите од одделението; ја организира работата и предлага концепти на заклучоците на работните тела подготвува и предлага план за работа на одделението и се грижи за реализирање на планот за работа
  • Донесува предмети во управна постпка
     
Образование
Дипломиран правник