Снежана Мартулкова

Раководи со работата на одделението, ја организира и насочува работата во единствена примена на законите и подзаконските акти во врска со користењето на водите
Одделение за водни права
Раководител на одделение
Раководител на ОВП
Опис на работната позиција

Раководи со работата на одделението, ја организира и насочува работата во единствена примена на законите и подзаконските акти во врска со користењето на водите

Раководител на ОВП - обврски

  • Соработува со другите раководни административни службеници од институцијата и со раководни административни службеници на соодветно ниво од други органи,  за прашања од делокруг на организационата единица со која раководи
  • Во случај на отсуство или спреченост на непосредно претпоставениот административен службеник го заменува истиот врз основа на овластување од секретарот
  • Раководи и го координира одделението во процесот на имплементацијата на законските одредби и подзаконските акти. 
  • Учествува во подготовка на подзаконските акти кои се однесуваат на постапката за издавање на водни права и концесии
  • Ја  организира и учествува во постапката за издавање на дозволи за користење на вода, за испуштање на вода и за вадење на песок, чакал и камен и за издавање на водостопански согласности
  • Учествува во спроведувањето на постапката за доделување на концесии, 
  • Соработува и ја координира соработката со другите организациони облици во министерството со државните органи, со научните и стручните институции и со невладините организации од земјата и странство, ги координира активностите во делот на изготвувањето на научно-стручни студии и елаборати.
  • Учествува во одлучувањето за спроведувањето на конкретните одлуки за работите кои се вршат во одделението по предходни инструкции од повисоко ниво и дава препораки за нивна имплементација; 
  • Планира дневни задолженија, ги распоредува работите и задачите во одделението,одговара за навремено, законите ги спроведува во дадените насоки и дава упатства за извршување на работите и задачите, врши непосредно контрола и надзор над извршувањето на работите и задачите од одделението;
  • Донесува предмети во управна постпка
     
Образование
Дипломиран градежен инжењер