Раководи и го координира одделението во процесот на имплементацијата на законските одредби
Одделение за планирање и развој на водите
Раководител на одделение
Раководител на ОПРВ
Phone
E-mail
Опис на работната позиција
Раководи и го координира одделението во процесот на имплементацијата на законските одредби и подзаконските акти во врска со управувањето и развој на водите.
Раководител на ОПРВ - обврски
- Раководи и го координира одделението во процесот на имплементацијата на законските одредби и подзаконските акти во врска со управувањето и развој на водите.
- Учествува и ја следи изработката на Националната стратегија за води
- Ја организира и учествува во изработката на Водостопанската основа според договорените планови, нејзиното дополнување и управувањето со Водостопанската основа, интеграција на разните прилози на Водостопанската Основа во униформен систем
- Учествува и ја следи изработката на плановите и програмите за развој на водите
- Организира, изработува и ја следи реализацијата на Програмата за управување со водите
- Го организира и го следи остварувањето на програмските задачи и активности во овие области, дава стручна помош за одделни прашања од делокругот на работите на одделението
- Соработува и ја координира соработката со другите организациони облици во министерството, со државните органи, со научните и стручните институции и со невладините организации од земјата и странство, ги координира активностите во делот на изготвувањето на научно-стручни студии и елаборати
- Планира дневни задолженија, ги распоредува работите и задачите во одделението,одговара за навремено извршување на работите, ги спроведува во дадените насоки и дава упатства за извршување на работите и задачите
- Врши непосредно контрола и надзор над извршувањето на работите и задачите од одделението
- Ја организира работата и предлага концепти на заклучоците на работните тела подготвува и предлага план за работа на одделението и се грижи за реализирање на планот за работа; ја координира, обединува и насочува работата во одделението
Образование
Дипломиран инжењер технолог