Одделение за спроведување на просторни планови

Одделение
Врши надзор на спроведувањето на Просторниот план на Република Северна Македонија
Одделение за спроведување на просторни планови

Управување со функционирањето на одделението во следење на спроведувањето на Просторниот план на РМ со издавање на Услови за планирање на просторот; со изработка и донесување на стратешки документи, законски акти и мислења од областа на просторното планирање; со подготовка на програми, извештаи и информации за Владата на РМ од областа на планирање на просторот како и воспоставување на меѓународна, меѓуресорска и меѓусекторска соработка во областа на регионален територијален односно просторен развој, имплементација на меѓународни акти.

 

Листа на обврски-одговорности:

  • Врши надзор на спроведувањето на Просторниот план на РМ, изработува извештаи и програми  до Владата на РМ за спроведување на Просторниот план на РМ, 
  • Следење на спроведување на стратегијата –Просторниот план на РМ како развоен проект и остварување на коресподентност со останатите стратешки документи што се однесуваат на организација и користење на просторот и просторните ресурси, како и учество во изготвувањето на останатите стратешки документи.
  • Водење на постапка на издавање на услови за планирање на просторот на сите урбанистички планови: за урбанистички план за град/село, за урбанистички план вон населено место и за урбанистички проект за градби од државно значење и соработка со локалната самоуправа во процесот на одлучување.
  • Процедурална и стручна подготовка на законски и подзаконски акти за стратешко планирање на просторот, регулатива за подготовка и спроведување на плански документи и сл.
  • Водење на процесот на изготвување и донесување на Годишниот извештај за состојбите во просторот односно за спроведување на Просторниот план на РМ во соработка со локалната самоуправа, надлежните ресори и институции.
  • Вршење на оперативни работи за потребите на министерството, раководителите и специјално зададените обврски и задачи како што се ревизии на проекти, учество во владини комисии, работни групи и сл.
  • Подготвува информации за  состојбите и промените во просторот,  го следи процесот на издавање на Услови за планирање на просторот. 
  • Изготвува годишна програма и план за работата на одделението. Должен е редовно да доставува извештај за својата и работата на одделението до непосредниот раководител
Работно време
Пон-Пет: 07:30-15:30