Раководи и ја координира работата на одделението за планови и просторна политика
Одделение за планови и просторна политика
Раководител на одделение
Раководител на Oдделение за планови и просторна политика
Phone
E-mail
Опис на работната позиција
Раководи и ја координира работата на одделението за планови и просторна политика, ги спроведува работните задачи доверени од непосредниот раководител кои се однесуваат на спроведување на националната политика на одржлив просторен развој, ја координира изработка и донесувањето на просторни планови и стратешките документи, воспоставува меѓународна, меѓуресорска и меѓусекторска соработка од областа на просторното планирање, пишува стручни мислења и предлози на законските акти од областа на просторното планирање.
Раководител на ОППП - обврски
- Соработува со другите раководни административни службеници од институцијата и со раководни административни службеници на соодветно ниво од други органи, за прашања од делокруг на организационата единица со која раководи;
- Во случај на отсуство или спреченост на непосредно претпоставениот административен службеник го заменува истиот врз основа на овластување од секретарот
- Раководи со одделението, ја организира, насочува и координира работата на одделението, одговара за навремено, законито и квалитетно извршување на работните задачите во одделението,доверени од непосреден раководител
- Се грижи за работната дисциплина, ги спроведува работите и работните задачи доверени од непосредниот раководител,
- Воспоставува мегународна, меѓуресорска и меѓусекторска соработка во областа на просторното планирање,
- Учество во изработката на законска регулатива поврзана со системот на просторното планирање и заштитата на животната средина
- Дава стручно мислење за усогласеноста на релевантните стратегиски документи со Просторниот План на Република Македонија,
- Ги координира постапките за изработка и донесување на стратешки документи по одделни области,
- Ги координира постапките за изработка и донесување на просторни планови,
- Донесува предмети во управан постапка