Аземине Шакири

Организирање, насочување и координација на работата, непосредна контрола и надзор над извршувањето на работите
Одделение за катастри и моделирање
Раководител на одделение
Раководител на ОКМ
Опис на работната позиција

Раководи со одделението (организирање, насочување и координација на работата, непосредно контрола и надзор над извршувањето на работите, распоредување на работите и задачите на државните службеници во одделението, давање на стручна помош и совети во работењето на државните службеници во одделението, грижа за стручното усовршување и работната дисциплина на вработените во одделението, оценување на државните службеници во одделението).

Раководител на ОКМ - обврски

  • Подготвува стручни материјали, документи, законски акти, предлог план за работа на одделението, извештај за напредокот во спроведувањето на програмата за работа на одделението,  
  • Учествува во подготовката на техничките спецификации за потребните набавки во рамките на одделението.
  • Подготвува посложени стручни мислења за одделни прашања од делокругот на работите на одделението.
  • Учествува во работата на тековните проекти кои се спроведуваат во Министерството, подготовката на буџетот на одделението и секторот, стратешко планирање на Министерството и води тековни преписки за работи што ќе му бидат определени од раководителот на секторот
  • Предлага иницијативи за спроведување на законите и подзаконските акти од областа кои се во согласност со барањата на ЕУ,  ги следи новите научни сознанија и предлага надоградба и усовршување на Катастарот и учествува во работните групи за усогласување на националното законодавство со законодавството на ЕУ.
  • Учество во работните групи на РИПЗ во организација на секретаријатот на UNECE за следење, вопсоставуање и спроведување на обврските пропишани во Протоколот на РИПЗ