Одделение
Спроведува активности кои се однесуваат на усвојување на нови стандарди
Спроведува активности кои се однесуваат на усвојување на нови стандарди, нивна измена и дополна, донесување на критериуми за еколошко означување на производи и услуги, како и активности за воспоставување на шемата за управување во животната средина средина и нејзина ревизија.
Опис на дејноста и обврските на одделението
- Го координира изготвувањето и усвојувањето на стандарди од областа на животната средина,
- развивање политики за усвојување на нови стандарди, нивна измена и дополна,
- Учествува во работата на техничките комитети за изработка на стандарди и остварува соработка со заинтересираните субјекти и органи за стандардизација и акредитација и помага во работата на Институтот за стандардизација на Република Северна Македонија при донесување на национални хармонизирани стандарди при што дава мислења, објаснувања и предлози за нивна примена,
- Врши работи и задачи поврзани со спроведување на активности за имплементација на регулативата за ЕМАС (Европска регулатива за управување со животната средина и нејзина ревизија),
- Ги следи и проучува директивите, препораките и регулативите на ЕУ за еколошко етикетирање на производи и услуги и превзема мерки за донесување на национални критериуми за етикетирање на производи и услуги,
- Предлага донесување на студии за спроведувањето на еколошкото означување на производи и услуги во Република Македонија.