Сашо Секуловски

Сектор за координација на работата на министерот
Помошник раководител на сектор
Заменик раководител на сектор за координација на работата на министерот
Опис на работната позиција

Помагање во развивање и обединување на политиките во рамките на делокругот на секторот во однос на издигнување и учество на Министерството на меѓународно ниво како и адекватно запознавање на јавноста со политиките и активностите на Министерството

Помошник раководител на СКРМ - обврски

  • Соработува со другите раководни административни службеници од институцијата;
  • Во случај на отсуство или спреченост на непосредно претпоставениот административен службеник го заменува истиот врз основа на овластување од секретарот;
  • Му помага на раководителот на Секторот во креирање на политиките на секторот
  • Предлага системски решенија и други активности во врска со работата на одделенијата како и иницира решавање на одделни проблеми во таа насока. 
  • Ги контролира протоколарните активности
  • Контролира административните активности поврзани со Е- Влада 
  • Ја врши крајната контрола на сите предмети од управна постапка во случај на отсуство на раководителот на сектор