Сектор за соработка со локална самоуправа и управни и надзорни работи
Раководител на сектор
Раководител на сектор за соработка со локална самоуправа и управни и надзорни работи
Phone
E-mail
Опис на работната позиција
Ги развива и обединува политиките во рамките на делокругот на секторот, ги координира и спроведува политиките во делот на соработка со локалната самоуправа и управни и надзорни работи, учествува во комисиите за прекршоци и спогодување и останати комисии во рамките на министерството
Раководител на сектор СЛСУНР - обврски
- Раководи со секторот, ја организира, насоучува и координира работата во делот на соработка со локалната самоуправа и управно-надзорните работи
- Врши непосредна контрола и надзор над извршувањето на задачите во секторот
- Одобрува изготвени акти од надлежност на Секторот
- Распоредува работи и задачи на раководителите на одделенија и членовите на комисиите
- Координира меѓуопштинска соработка од областа на животната средина со цел поефикасно извршување на надлежностите од страна на општините
- По барање на ЕЛС, укажува за материјалните и процедуралите недостатоци во работите на органите на општините,
- Ги следи навременото донесување на прописите кои општините ги носат согласно законите од областа на животната средина
- Координира за навремено и ажурно постапување по поднесените предлози за поведување на прекршочната постапка и постапка за спогодување
- Организира и координира работа на комисии во состав на Секторот
- Го координира и одобрува издавањето на дозволи за увоз извоз преку EXIM системот
- Дава предлози за политики по начелни прашања за области во кои се врши надзор и го организира надзорот над спроведувањето на законите и прописите од областа на животната средина, како и законитоста на работата и постапувањето на органите на државната управа и локалната самоуправа
- Организира извршување на работи и задачи што се однесуваат на решавање на поединечни акти донесени од локалната самоуправа за кои решава министерството, предмети по жалби и судски предмети и останати прашања од управна постапка.
Тања Пауновска е родена во Скопје, каде го завршува и средното образование во УСО Јосип Броз Тито, а факултет на Правниот факултет Јустинијан Први при УКИМ - Правосуден испит
Образование
Правен факултет Јустинијан Први - УКИМ, Дипломиран Правник/правосуден испит
Обуки и усовршување
Обуки во областа на законодавство од областа на животната средина, управна постапка, управување со проекти, студиски посети
Членство во стручно-научни здруженија
Учество како обучувач ангажирана од невладини и други здруженија за прашања од областа на животната средина, прекршоци, надзор и инспекциска постапка.
Информатички технологии
Има општо познавање од информатички технологии
Останати јазици
Англиски
Работно искуство
2019- Тековно Раководител на Сектор за соработка со локална самоуправа и управни и надзорни работи
2010-2019 Помошник раководител на Сектор за соработка со локална самоуправа и управни и надзорни работи
2007-2010 Раководител на Одделение за локална самоуправа
2007-2007 Советник во Сектор за ЕУ
2000-2002 Правник во Државен инспекторат за животна средина
Реализирани проекти и активности
Зајакнување на капацитетите на локалната самоуправа
Зајакнување на капацитетите од областана зашита од бучава
Публикации
Програма за реформи во локална самоуправа
Упатства за спроведување на законите од областа на животната средина на локално ниво