Раководител на сектор СЛСУНР - обврски

  • Раководи со секторот, ја организира, насоучува и координира работата во делот на соработка со локалната самоуправа и управно-надзорните работи
  • Врши непосредна контрола и надзор над извршувањето на задачите во секторот
  • Одобрува изготвени акти од надлежност на Секторот
  • Распоредува работи и задачи на раководителите на одделенија и членовите на комисиите
  • Координира меѓуопштинска соработка од областа на животната средина со цел поефикасно извршување на надлежностите од страна на општините
  • По барање на ЕЛС, укажува за материјалните и процедуралите недостатоци во работите на органите на општините, 
  • Ги следи навременото донесување на прописите кои општините ги носат согласно законите од областа на животната средина 
  • Координира за навремено и ажурно постапување по поднесените предлози за поведување на прекршочната постапка и постапка за спогодување
  • Организира и координира работа на комисии во состав на Секторот
  • Го координира и одобрува издавањето на дозволи за увоз извоз преку EXIM системот
  • Дава предлози за политики по начелни прашања за области во кои се врши надзор и го организира надзорот над спроведувањето на законите и прописите од областа на животната средина, како и законитоста на работата и постапувањето на органите на државната управа и локалната самоуправа
  • Организира извршување на работи и задачи што се однесуваат на решавање на поединечни акти донесени од локалната самоуправа за кои решава министерството, предмети по жалби и судски предмети и останати прашања од управна постапка.