Раководител на СП - обврски

  • Раководи со секторот и ја организира, насочува и координира работата на секторот; врши  непосредно контрола и надзор над извршувањето на работите во секторот, ги распоредува задачите и работите на раководителите на Одделенијето за заштита на природното наследство и НАТУРА 2000, Одделението за биодиверзитет и ГМО и Одделението за заштита и управување со заштитени подрачја и гео-диверзитет, како  и  на стручните државни службеници;
  • Им дава упатства за работа и потребна стручна помош во работата и вршењето на најсложените работи и задачи и го следи текот на извршувањето на работите.
  • Соработува со државни органи (министерства, локални самоуправи, агенции, јавни претпријатиија и др.) субјекти за управување со заштитени подрачја, научни и стручни институции и невладините организации за прашања поврзани со заштита на природа.
  • Соработува со меѓународни организации за заштита на природата. Соработува со меѓународни организации и агенции  (UNEP, SDC, IUCN, WWF,  и др.).