Билјана Петкоска

Креира политики кои се под надлежност на Секторот, координација и имплементација на политиките преку контрола во работата во рамките на одделението
Сектор за животна средина
Раководител на сектор
Раководител на сектор за животна средина
Опис на работната позиција

Креира политики кои се под надлежност на Секторот, координација и имплементација на политиките преку контрола во работата во рамките на одделението. Ја организира, насочува и координира работата на одделенијата во Секторот за животна средина. Доделува работни задачи на одделениата и дава упатства за работа. Ги координара предметите кои се водат во управна постапка.

Го координира спроведувањето на постапката за оцена на влијанието врз животната средина, член на комисија за правење оцена на Студијата за оцена на влијанието врз животната средина, организирање и учество на јавни јаспарви, ја координира оцената на Елаборат за заштита на животната средина. Предлага и подготвува ажурирање на измените на законот за животна средина и ажурирање на измените на подзаконските акти.
Предлага и подготвува документација за потребите за изработка на проект за изработка на стратешки карти за бучава.
Ги координира работите во одделението за лабараторија во делот за  акредитирање на нови методи како и одржување на постоеките методи.

Раководител на сектор за животна средина - обврски

Листа на обврски-одговорности

  • Ја организира, насочува и координира работата на секторот; врши    непосредно контрола и надзор над извршувањето на работите во секторот, ги распоредува задачите и работите на раководителите на одделенијата и на стручните државни службеници и им дава упатства за работа и потребна стручна помош во работата и вршењето на најсложените работи и задачи и го следи текот на извршувањето на работите.  
  • Со раководителите на одделенијата изготвува и се грижи за остварувањето на планот за работа на секторот и одделенијата; дава задолженија на помошникот на раководител на секторот. Го координира процесот на меѓусекторската соработка. Учествува во работата на работните тела на Собранието на Република Македонија кога за тоа е овластен. 
  • Се грижи за спроведување на законските обврски кои произлегуваат од постапката за оцена на влијанието врз животната средина, управувањето со бучава и со  заштитата на почвата. 
  • Координација при подготовка на буџет и тековни активности за Секторот за животна средина, 2014-континуирано
  • Се грижи за спроведување на обврските од ЕСПО Конвенцијата – оцена на влијание врз животната средина во прекуграничен контест како Национално контакт лице .
  • Раководител на Група- Хоризонтала од Поглавје 27 - Животна средина и климатски промени – за
  • Билатерален скриниг.
  • Член на Советот за координација и следење на процесот на Партнерство за отворена власт 2021-
  • 2023
     

Билјана Петковска е родена на 12.01.1980 година во Охрид каде го завршува и средното образование во СОУ „Нико Нестор“ – Струга – хидротехничар со одличен успех.
 

Образование
Дипломиран Градежен инжинер – конструктивна насока VII -1
Обуки и усовршување
JICA Japan International Cooperation Agency, Tokyo, Japan -2010 година
Информатички технологии
Има општо познавање од информатички технологии
Јазици
Англиски
Работно искуство
Советник за оцена на влијание врз животна средина, Сектор за животна средина – 2008-2015
Реализирани проекти и активности
Твининг проектот: „ “Further strengthening the capacities for effective implementation of the acquis in the field of industrial pollution” – во тек