Меџити: Се усогласуваме со новите директиви на еу за контрола на индустриското загадување

News
Изет Меџити денес беше дел од официјалното затварање на проектот за зајакнување на административните капацитети во национално и локално ниво, за ефективно спроведување на европското законодавство од областа на индустриското загадување.
Меџити: Се усогласуваме со новите директиви на еу за контрола на индустриското загадување
25.02.2025

Скопје 25.02.2025 Првиот заменик претседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити денес беше дел од официјалното затварање на проектот за зајакнување на административните капацитети во национално и локално ниво, за ефективно спроведување на европското законодавство од областа на индустриското загадување.

Меџити, на завршниот настан на кој присиуствуваат и партнерите  амбасадорот на ЕУ Михалис Рокас и амбасадорката на Република Грција Софија Филипиду, се заблагодари на Европската Унија за поддршката што ја добиваме во подготвителните активности за пристапување кон Унијата.

‘Новата Директива за индустриски емисии преставува главен инструмент за превенција на емисиите од големите индустриски активности. Применува интегрален пристап, што има за цел спречување и намалување на загадувањето на животната средина од сите аспекти како што се воздухот, почвата, водата, употреба на ресурси, енергија, како и генерирање на отпад од самите индустриски активности. Исто така, ги поставува основните принципи за издавање на дозволи и контрола базирајќи се на построга примена на „најдобрите достапни техники“, изјави пред присутните првиот заменик претседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити.

Новата Директива заменува седум претходно постоечки директиви поврзани со индустриски активности и пропишува обврзувачки услови за работа на инсталациите во построга мера од барањата што важеле во претходното законодавство на ЕУ.

Вредноста на проектот е еден милион евра со траење од 24 месеци, а започна со спроведување на први март 2023. Партнер во реализацијата беше Република Грција преку Центарот за интернационално и европско економско право. Проектот беше составен од три компоненти, во рамките на кои се подготови примарно и секундарно законодавство во согласност со новата Директива, што подразбира изготвување на Закон за контрола на индустриски емисии и подзаконски акти што произлегуваат од него и зајакнување на капацитетите на централната и локалната администрација за правилна имплементација на новите законски одреби преку изработка на прирачници и упатства за практично спроведување на Директивата, преку одржување на обуки, работилници и семинари, како и преку анализирање, процена и изработка на пилот А и Б Дозволи.

Првиот заменик претседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити изрази уверување за успешно спроведување на проектните резултати со што ќе се даде придонес за прогресивен и позитивен развој во регионот.

Gallery
Submitted by alfa4 on 25.02.2025 - 15:03