
Скопје, 17.02.2025 Министерството за животна средина и просторно планирање во соработка со ЗЕЛС и општините, а согласно Акцискиот план за чист воздух за грејната сезона 2024-2025, иницираше координирана акција за собирање кабаст отпад и градежен шут кој е препознат како еден од изворите на загадување на воздухот, нареченa ‘Сите заедно за почист воздух’.
Пилот акцијата на МЖСПП се спроведува во текот на три месеци: февруари, март и април во 8 градови низ државата, а во неа се приклучија општините Битола, Куманово и скопските општини Гази Баба, Центар и Кисела Вода.
Во текот на овие три месеци од 15 до 20 во месецот, граѓаните ќе можат бесплатно да го одложуваат кабастиот отпад и градежниот шут, а општинските претпријатија ќе ги собираат и дислоцираат на соодветно место.
Локации за одложување на кабаст отпад и градежен шут се следните:
Во општина Битола граѓаните ќе можат бесплатно да го одложуваат кабастиот отпад и градежниот шут на следните локации:
- ЈП Комуналец локација за одложување на кабас отпад во стопанскиот двор на претпријатието во посебно определен дел на дворот на улица 16та бб
- JП Нискоградба локација за одложување на габаритен отпад во стопанскиот двор на претпријатието на улица 16та бб
Во општина Куманово овој тип на отпад ќе се собира на следните три локации:
- паркинг Спортска сала,
- паркинг Пожарна, и
- паркинг Кошеви во населба Трговски.
Општина Гази Баба, ЈКП “Гази Баба”, има лоцирани 5м3 контејнери на следните локации:
- Населено место Раштак – во близина на игралиштитето,
- Населено место Булачани - во близина на ООУ “Св.Наум Охридски”
- Населено место Виниче – во близина на автобуската постројка,
- Населено место Смилковци – во близина на црквата “Св. 40 маченици”,
- Населено место Брњарци - во близина на ООУ “Св. Крсте Мисирков”,
- Населно место Страчинци – во близина на џамијата,
- Населено место Стајковци – во близина на ООУ “Св. Кирил и Методиј”
Во општина Центар граѓаните ќе можат бесплатно да го одложат кабастиот отпад на три локации:
- во населба Пролет, кај Феријален дом,
- во Капиштец, на улица „Загребска“, во близина на КТК
- во Буњаковец, на улица ,,Костурски херои“, во близина на Вучко.
Во општина Кисела Вода бесплатно собирање на кабаст отпад и градежен шут во наведениот период ќе се врши на следните локации:
- Урбана заедница (УЗ) Пржино - ул. Милан Мијалковиќ (зад УЗ Пржино) и ул. Мариовска (покрај стовариштето на Треска)
- УЗ Црниче – ул. Наум Охридски (пред УЗ Црниче) и ул. Ениџе Вардарска (наспроти кладилница Копачка)
- УЗ 11 Октомври згради – ул. Пушкинова бр. 4 и ул. Михаил Чаков спроти УЗ 11 Октомври – згради
- УЗ 11 Октомври бараки – Зад Космофон во делот покрај детско игралиште и ул. Лазар Димитров кон Трим-патека на вториот влез
- УЗ Кисела Вода – ул. Христо Татарчев бр.72 (кај амбулантата) и ул. 14 Декември (кај подземните контејнери)
- УЗ Расадник – ул. 1511 (наспроти Кватро кафе) и пред сала Расадник зад паркот за миленици
- УЗ Цветан Димов – ул. Емил Зола бр. 7 и ул. Георги Димитров зад економското училиште
- УЗ Бирарија – ул. Томе Арсовски наспроти парк Бирарија и ул. Фредерик Шопен зад училиштето „Кузман Јосифовски Питу“
- МЗ Пинтија – ул. Јабланица (на местото Славија веднаш до МЗ Пинтија) и ул. 1513 под делот на детска градинка
- МЗ Усје – Паркингот пред МЗ Усје и на влез во УСЈЕ (десно до оградата на Цементара-Усје)
- МЗ Припор – ул. Христо Татарчев крак 14/159 и Под објектот на МЗ Припор
- МЗ Подстаница – ул. Сердарот бр.115 (кај фудбалско игралиште) и ул. Сердарот бб (пред МЗ Подстаница)
- МЗ село Драчево – ул. Китка (слободниот простор покрај гимназијата) и ул. Драчевска бр. 92 (пред стара пошта)
- УЗ Бобан Трпков – населба Драчево – ул. Бранко Заревски (зад УЗ Населба Драчево) и ул. Бранко Заревски бр. 17 (стакларска зграда)
- МЗ Стаклара – ул. 1519 (делот кај трансформаторот спроти продавницата) и ул. 1520 (кај ширината пред почетокот на куќите).
Министерството за животна средина и просторно планирање ги охрабрува сите општини во државата да вклучат во коордираната акција и ги охрабрува општествено одговорните компании во општините, да се приклучат на оние општини што не се во состојба самостојно да ја извршат оваа обврска.