![Критериуми и процедури за распределба на капитална дотациии за инфраструктурни проекти](/sites/default/files/alfa/img/moepp-panel.jpg)
Врз основа на член 55 став (1) од Законот за организација и работа на органите на државната управа („Службен весник на Република Македонија” бр. 58/00, 44/02, 82/08, 167/10, 51/11 и „Службен весник на РСМ“ бр.96/19, 110/19, 154/19 и 121/2024), а во врска со член 8 од Законот за финансирање на единиците на локалната самоуправа („Службен весник на Република Македонија“ бр. 61/04, 96/04, 67/07, 156/09, 47/11, 192/15, 209/18 и „Службен весник на РСМ“ бр. 244/19, 53/21, 77/21, 150/21, 173/22 и 170/2024) и член 34 од Законот за извршување на Буџетот на Република Северна Македонија за 2025 година („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 254/24), а во согласност со член 3 од Програмата за користење на капиталните дотации за финансирање на инвестициони проекти на општините и општините во Градот Скопје за 2025 година, донесена од Владата на Република Северна Македонија, број 50-1589/2 од 07.02.2025 година („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 27/25), министерот за животна средина и просторно планирање донесе:
Критериуми и процедури за распределба на капитална дотациии за инфраструктурни проекти на општините и општините во Градот Скопје во областа на животната средина и просторното планирање за 2025 година
Согласно Програмата за користење на капиталните дотации за финансирање на инвестициони проекти на општините и општините во Градот Скопје за 2025 година донесена од Владата на Република Северна Македонија, бр. 50-1589/2 од 07.02.2025 година и утврдени, односно планирани средства за оваа намена во Буџетот на Министерството за животна средина и просторно планирање за 2025 година во разделот 12101 – Финансирање на дејностите од областа на животна средина и просторното планирање, во програмата А – Децентрализација, подпорограма АА Инфраструктурни проекти на општините и општините во Градот Скопје, категорија 48 - капитални расходи, на ставка 488 - капитални дотации до ЕЛС, Министерството за животна средина и просторно планирање ќе ја изврши распределбата на овие капитални дотации за инфраструктурни проекти на општините и општините во Градот Скопје за 2025 година во согласност со Законот за финансирање на единиците на локалната самоуправа, Законот за извршување на Буџетот на Република Северна Македонија за 2025 година.
I. КРИТЕРИУМИ
Министерството за животната средина и просторното планирање ќе ја изврши распределбата на капиталните дотации за инфраструктурни проекти на општините и општините во Градот Скопје од областа на животната средина и просторното планирање според следните критериуми:
- Резидентното население во општината и општините во Градот Скопје согласно последниот попис во Република Северна Македонија;
- Комплетна проектна документација, со сите потребни дозволи и согласности потребна за отпочнување постапка за јавна набавка, со ревидирана предмер пресметка не постара од 12 месеци со што би се гарантирала непречена реализација на проектите.
II. ПРОЦЕДУРИ
Во согласност со член 8 став (1) од Законот за финансирање на единиците на локалната самоуправа („Службен весник на Република Македонија“ бр. 61/04, 96/04, 67/07, 156/09, 47/11, 192/15, 209/18 и „Службен весник на РСМ“ бр. 244/19, 53/21, 77/21, 150/21, 173/22 и 170/2024), со дотации од Буџетот на Република Северна Македонија и од буџетите на фондовите се обезбедуваат дополнителни приходи во Буџетот на општината за финансирање на нејзините надлежности определени со закон.
Во согласност со член 8 став (3) од овој Закон, видот, износот и распределбата на дотациите по општини се составен дел од Буџетот на РС Македонија и на буџетите на фондовите.
Во согласност со член 8 став (4) од овој Закон, надлежните министерства и фондовите најдоцна до 30 април во тековната година, ги објавуваат утврдените критериуми, процедури и рокови за распределба на наменски и капитални дотации.
Министерството за животната средина и просторното планирање на својата веб-страница ќе ги објави критериумите и процедурите за распределба на капитални дотации за инфраструктурни проекти во општините и општините во Градот Скопје областа на животната средина и просторното планирање за 2025 година, согласно Програмата за користење на капиталните дотации за финансирање на инвестициони проекти на општините и општините во Градот Скопје за 2025 година.
Министерството за животна средина и просторно планирање ќе објави повик за изразување на интерес од страна на општините и општините во Градот Скопје за финансирање на инфраструктурни проекти врз основа на критериумите објавени во оваа објава. Следење и координација на активностите за спроведување на Програмата за користење на капитални дотации за финансирање на инвестициони проекти на општините и општините во Градот Скопје за 2025 година-Потпрограма АА-инфраструктурни проекти во општините ќе врши Координативно тело за следење и координација на активностите.
Владата на Република Северна Македонија врз основа на член 34 од Законот за извршување на Буџетот на Република Северна Македонија за 2025 година („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 254/24), на предлог на Министерството за животната средина и просторното планирање во соработка со Министерството за локална самоуправа ќе донесе Одлука за користење капитални дотации за инфраструктурни проекти на општините и општините во Градот Скопје за 2025 година.
По донесувањето на Одлуката од страна на Владата на Република Северна Македонија, Министерството за животната средина и просторното планирање ќе склучи договори со кои ќе бидат регулирани правата и обврските на Министерството за животната средина и просторното планирање и на општината корисник на средствата за капитални дотации за инфраструктурни проекти за 2025 година. Министерството за животната средина и просторното планирање ќе го следи користењето на капиталната дотација, а согласно член 34 од Законот за извршување на Буџетот на Република Северна Македонија за 2025 година („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 254/24), исплатата на средствата ќе се врши врз основа на изведени работи и комплетна исплатна документација.
При констатирање неправилности во користењето на дотацијата, Министерството за животната средина и просторното планирање може да ја запре исплатата на средствата и за тоа ќе го извести Министерството за финансии.
III. НАЧИН НА РАСПРЕДЕЛБА
Евалуационата комисија ќе изврши проверка на комплетност и валидност, селекција, и ќе достави предлог за избор на проекти за финансирање до министерот за животната средина и просторното планирање.
Министерството за животната средина и просторното планирање ќе достави предлог Одлука за користење капитални дотации за инфраструктурни проекти на општините и општините во Градот Скопје за 2025 година до Владата на Република Северна Македонија.
Министерството за животната средина и просторното планирање ќе ги склучи договорите за капитални дотации во областа на животната средина и просторното планирање за 2025 година веднаш по донесувањето на Одлуката од страна на Владата на Република Северна Македонија.