(23.01.2025г) Согласно „Акцискиот план за чист воздух за грејната сезона 2024 – 2025г.“ и задолженијата, Сообраќајната полиција и Мобилната единица за безбедност на сообраѓајот на патиштата (МЕБСП) на Министерство за внатрешни работи во изминатиот месец пристапи кон засилени контроли на возилата што сообраќаат низ градовите во државата.
Во доставениот извештај до Работната група за чист воздух на Министерството за животна срдина и просторно плнирање, во период од 13.12.2024г до 13.01.2025 г. од страна на СВР Скопје, СВР Тетово, СВР Охрид, СВР Битола, СВР Велес, СВР Куманово, СВР Штип, СВР Струмица и МЕБСП се извршени вкупно 6984 контроли на возила.
Во Скопје се направени 562 контроли, во Тетово 367, во Охрид 1564, во Битола 993, во Велес 546, во Куманово 540, во Штип 1338, во Струмица 498, а од страна на МЕБСП на патиштата 576 контроли.
Од вкупниот број контролирани возила, 1206 се упатени на вонреден технички преглед, утврдени се 167 технички неисправни возила, 20 нерегистрирани возила, а кај 10 возила се констатирани несправни уреди за мерење на емисијата на испусните гасови.
За реализација на оваа мерка од Акцискиот план Сообраќајната полиција и Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата ангажирале 1192 вработени.