Соопштение

Announcements
во врска со настанатиот проблем со депонирањето на комуналниот отпад и управувањето со комуналната депонија во Општина Кочани, како вклучена страна во процесот на воспоставување на регионален систем за управување со отпад во Источен и Североисточен регион
Соопштение
16.12.2024

Почитувани

во врска со настанатиот проблем со депонирањето на комуналниот отпад и управувањето со комуналната депонија во Општина Кочани, како вклучена страна во процесот на воспоставување на регионален систем за управување со отпад во Источен и Североисточен регион, информираме дека на ден 17.12.2024 (вторник) со почеток во 17h, во просториите на Мултикултурен центар во Општина Кочани, ќе се одржи средба на претставници од Министерството за животна средина и просторно планирање, претставници од Општина Кочани, Министерството за внатрешни работи, Центарот за социјални работи – Кочани и граѓаните.
Сметаме дека само преку меѓусебна соработка и комуникации помеѓу сите засегнати страни може да се дојде до соодветно решение.
Го очекуваме вашето присуство и конструктивен дијалог за надминување на проблемот.

Со почит,
Министерство за животна средина и просторно планирање
 

Submitted by alfa4 on 16.12.2024 - 18:42