Акциски план за чист воздух за грејната сезона 2024 – 2025 година

Announcements
Работната Група за чист воздух изработи, а Владата го усвои, Акцискиот план за чист воздух за грејната сезона 2024 – 2025 година
Акциски план за чист воздух за грејната сезона 2024 – 2025 година
27.11.2024

Со цел намалување на загадувањето на воздухот во период ноември - февруари, кога според извршените мерења секоја секоја година се евидентираат зголемени концентрации на цврсти честички во воздухот, Работната Група за чист воздух изработи, а Владата го усвои, Акцискиот план за чист воздух за грејната сезона 2024 – 2025 година. Во него се проектирани краткорочни превентивни мерки што ќе овозможат редукција на емисиите од детектираните сектори што имаат најголем придонес во зголемувањето на емисиите на цврсти честички, а со тоа и високите концентрации што ги надминуваат пропишаните стандарди.

Тој е изработен од страна на Работна Група формирана од претставници на релевантните сектори во Министерството за животна средина и просторно планирање/Управа за животна средина и усогласен со релевантните институции.

Планот е структуриран на начин на кој ги одразува главните извори на загадување на воздухот и соодветно предлага активности/мерки за намалување на загадувањето на воздухот со дефинирана индикативна временска рамка за спроведување и надлежна институција за спроведување истата. Активностите се реално применливи без посебни/минимални финансиски апликации.

Мерките во акцискиот план се краткорочни, по сектори и за период 2024-2025 година.

Submitted by alfa4 on 27.11.2024 - 11:25