Заврши COP29, центарален фокус на финасирањето за климата

News
Се одржа 29-от состанок на страните на Рамковната Конвенција на ООН за климатски промени, 19-от состанок на страните на Протоколот од Кјото и 6-от состанок на страните на Договорот од Париз, заедно со 61-от состанок на помошните советодавни тела за наука
Заврши COP29, центарален фокус на финасирањето за климата
25.11.2024

Во Баку, Азербеиџан, во периодот од 11-22 ноември се одржа 29-от состанок на страните на Рамковната Конвенција на ООН за климатски промени, 19-от состанок на страните на Протоколот од Кјото и 6-от состанок на страните на Договорот од Париз, заедно со 61-от состанок на помошните советодавни тела за наука и техника и за спроведување.

На конференцијата, Република Северна Македонија беше претставена на највисоко ниво, со делегација предводена од претседателката на државата Гордана Силјановска Давкова, во чиј состав учествуваше првиот заменик на претседателот на Владата и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити и министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска.

Конференцијата на ОН за климатски промени (COP29) заврши со Нова колективна квантифицирана цел за климатски финансии (NCQG) да им помогне на земјите да ги заштитат своите луѓе и економии од климатски катастрофи и да ги споделат огромните придобивки од внесот на чистата енергија. COP29 обедини речиси 200 земји во Баку, Азербејџан и постигна договор што ќе овозможи:

  • Тројно финансирање на земјите во развој, од претходната цел од 100 милијарди американски долари годишно, до 300 милијарди долари годишно до 2035 година; и
  • Сигурни напори на сите актери да работат заедно за зголемување на финансиите во земјите во развој, од јавни и приватни извори, до износ од 1,3 трилиони американски долари годишно до 2035 година.

На овогодинешната Конференција, исто така, се постигна и договор за пазарите на јаглерод - што неколку претходни COP-ови не беа во можност да го постигнат. Овие договори ќе им помогнат на земјите да ги испорачаат своите климатски планови побрзо и поевтино, и да постигнат побрз напредок во преполовувањето на глобалните емисии оваа деценија, како што бара науката.

Постигнати се и важни договори за транспарентно известување за климата и адаптација.  
Република Северна Македонија на овогодинешниот COP се придружи кон следниве декларации:

  • COP29 Заложба за глобално складирање на енергија и мрежи (COP29 Global Energy Storage and Grids Pledge)
  • COP29 Заложба за зелени енергетски зони и коридори (COP29 Green Energy Zones and Corridors Pledge)
  • COP29 Декларација за засилена акција во туризмот (COP29 Declaration on Enhanced Action in Tourism) 
  • COP29 Декларација за вода за климатски активности (COP29 Declaration on Water for Climate Action)
Submitted by alfa4 on 25.11.2024 - 13:31