Лашкоска: Обновувањето на шумскиот фонд е дел од приоритетите на локално и национално ниво

News
Заменик министерката Ане Лашкоска денес ја посети Гевгелија каде заедно со градоначалникот Андон Сарамандов се приклучија на акцијата за масовно пошумување и подигање на јавната свест „Да пуштиме корени во нашата Гевгелија“
Обновувањето на шумскиот фонд е дел од приоритетите на локално и национално ниво
23.11.2024
Aкција за масовно пошумување и подигање на јавната свест

Заменик министерката за животна средина и просторно планирање Ане Лашкоска денес ја посети Гевгелија каде заедно со градоначалникот Андон Сарамандов се приклучија на акцијата за масовно пошумување и подигање на јавната свест „Да пуштиме корени во нашата Гевгелија“ во рамките на која на месноста Топлик, Гевгелија се засадуваа 6000 дрвни  насади.

 

1

 

„Министерството за животна средина ги поддржува активностите за пошумување во државата бидејќи тие се значаен ресурс од повеќе аспекти – заштита на биодивезитетот, подобрување на квалитетот на воздухот, климатските промени, заштита од ерозија и свлечишта и се важен економски ресурс“ изјави Лашкоска на настанот потенцирајќи дека обновувањето на шумскиот фонд е дел од приоритетите на локално и национално ниво особено во услови кога сме соочени со многу високи летни температури и со сериозно опожарување на шумите на територијата на целата држава.

Таа упати честитки и благодарност до градоначалникот на Гевгелија, Андон Сарамандов и општина Гевгелија за одлично реализираната акција.

Во рамките на посетата на општина Гевгелија, заменик министерката Лашкоска и градоначлникот Сарамадов направија увид во реализацијата на проектот  за намалување на загуби на вода со замена и инсталација на водомери заедно со инсталација и конфигурација на опрема со далечинско отчитување. Проектот го имплементира ЈКПД Комуналец Гевгелија, а е финансиски поддржан од страна на МЖСПП со средства во висина од 5 милиони денари. 

 

Gallery
Submitted by alfa4 on 23.11.2024 - 18:51