Меџити оствари средба со регионалниот директор на УНОПС за Европа и Централна Азија, Тим Ларднер

News
Првиот заменик претседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити денес на работен состанок прими делегација од Канцеларијата на Обединетите нации за проектни услуги, УНОПС
Меџити оствари средба со регионалниот директор на УНОПС за Европа и Централна Азија, Тим Ларднер
13.11.2024

Скопје, 13.11.2024  Првиот заменик претседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити денес на работен состанок прими делегација од Канцеларијата на Обединетите нации за проектни услуги, УНОПС, предводена од регионалниот директор на УНОПС за Европа и Централна Азија, Тим Лардднер.

Меџити му посака добредојде на Ларднер во нашата земја, истакнувајќи благодарност за соработката и поддршката која УНОПС ја дава за Република Северна Македонија.

”Задоволен сум што заедно реализираме значајни проекти со директно влијание врз заштитата на животната средина, а нашата соработка со UNOPS и проектот "ЕУ за чист воздух“ е важен чекор во нашите напори за борба против загадувањето и подобрување на квалитетот на воздухот во нашата земја”, рече Меџити, додавајќи дека загадувањето на воздухот е еден од најголемите еколошки предизвици со кои се соочуваме, ние како држава и регионот.

 

1

 

Преку проектот „ЕУ за чист воздух“ на Европската Унија и во соработка со УНОПС, добивме нови можности за имплементација на мерки кои директно ќе влијаат на подобрување на здравјето на граѓаните и создавање почиста животна средина. Како одличен пример за успешноста на соработката е и проектот во ОХИС за санација на малата депонијата со линдан, се согласија Меџити и Ларднер.

“Овој проект е од исклучителна важност, бидејќи се занимава со сериозен еколошки проблем, чистење на површина истриски 
загадена со штетни органски материи”,изјави Меџити.

 

2

 

Регионалниот директор на УНОПС за Европа и Централна Азија, Тим Ларднер на средбата со Меџити изјави дека УНОПС е подготвен да даде поддршка во евроинтегративниот процес на земјата, во делот на изготвување и реализација на приоритени проекти и активности во согласност со националните приоритети за заштита на животната средина.

Submitted by alfa4 on 13.11.2024 - 16:06