News
Будва, 7.11.2024г. Заменик министерката за животна средина и просторно планирање Ане Лашкоска, вчера, на маргините на Европската платформа за намалување на ризици од катастрофи, што се одржува од 6 до 8 ноември во Будва во Црна Гора, оствари билатерална
07.11.2024
Билатерална средба со специјалниот претставник на Генералниот секретар на ОН и раководител на Канцеларијата за намалување на ризици на ОН
Будва, 7.11.2024г. Заменик министерката за животна средина и просторно планирање Ане Лашкоска, вчера, на маргините на Европската платформа за намалување на ризици од катастрофи, што се одржува од 6 до 8 ноември во Будва во Црна Гора, оствари билатерална средба со Камал Кишоре, специјален претставник на Генералниот секретар на Обединетите Нации и раководител на Канцеларијата за намалување на ризици на Обединетите Нации.
На средбата се разговараше за отпочнување на реформата на системот за справување со катастрофи како еден од приоритетите на Владата и поддршката што може да ја добиеме во остварување на овој процес. Во идниот период се очекува зајакнување на соработката во оваа област со Програмата за развој на Обединетите Нации.