Меџити: УСАИД партнер во многу проекти за екологијата што го подобруваат животниот стандард на граѓаните

News
Првиот потпретседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити, денеска на работна средба ја прими делегацијата на Агенцијата за меѓународен развој на САД (УСАИД) предводена од Џери Дајбл, директорка на УСАИД за Северна
УСАИД партнер во многу проекти за екологијата
17.10.2024
Првиот потпретседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити, денеска на работна средба ја прими делегацијата на Агенцијата за меѓународен развој на САД (УСАИД) предводена од Џери Дајбл, директорка на УСАИД за Северна

Директорката Дајбл  ја изрази подготвеноста на УСАИД да ги поддржи проектите поврзани со подобрување на климатските промени и животната средина во земјата, преку различни програми, како и пренесување на позитивни искуства од различни земји во светот каде што работи Агенцијата за меѓународен развој на САД.

Меџити се заблагодари на УСАИД за реализацијата на многу проекти во нашата држава, како и за интересот за соработка во приоритетните проекти на Министерството за животна средина и просторно планирање, поврзани со мерките против климатските промени и системот за мониторирање..

Агенцијата на Соединетите Американски Држави за меѓународен развој е присутна во нашата држава од осамостојувањето на земјата и ја поддржува земјата да стане економски поразвиено, демократско и инклузивно општество преку програми кои промовираат економски раст и конкурентност, го зголемува ангажманот на младите, ја намалува невработеноста и корупцијата. 

Gallery
Submitted by moepp on 17.10.2024 - 10:00