Информација за достапност на Студија за оцена на влијание врз животната средина за проект - “Инсталација за реупотреба, обновување и рециклирање на литиум – јонски батерии“ во општина Македонски Брод, за потребите на инвеститорот “Друштво за управување со отпадна електрична и електронска опрема „ПОЛБЛУМЕ -ПОМ“ ДОО с. Челопек - Брвеница, подружница „ПОЛБЛУМЕ - ПОМ“ и информација за одржување на јавна расправа.
Министерството за животна средина и просторно планирање согласно член 90 став 1 точка 3 од Законот за животна средина (Службен весник на Република Македонија бр. 53/2005, 81/2005, 24/2007, 159/2008, 83/2009, 48/2010, 124/2010, 51/2011, 123/2012, 93/2013, 187/2013, 42/2014, 44/2015, 129/2015, 192/2015, 39/2016, 99/2018 и Службен весник на Република Северна Македонија бр. 89/2022 и 171/2022) ја известува заинтересираната јавност дека „ПОЛБЛУМЕ -ПОМ“ ДОО с. Челопек - Брвеница, подружница „ПОЛБЛУМЕ - ПОМ, ул.101 бб с.Челопек, Брвеница, ја достави Студијата за оцена на влијание врз животната средина за проект - “Инсталација за реупотреба, обновување и рециклирање на литиум – јонски батерии“ во општина Македонски Брод.
Студијата е достапна за увид на веб страната на Министерството за животна средина и просторно планирање www.moepp.gov.mk на следниот линк https://arhiva.moepp.gov.mk/wp-content/uploads/2024/07/%D0%95%D0%98%D0%…, во просториите на Секторот за комуникација со јавност на Министерството секој работен ден од 8:30 до 16:30 часот и во просториите на Општина Македонски Брод. Истата е достапна за увид до 25.10.2024година
Јавната расправа по Студијата за оцена на влијание врз животната средина за проектот - “Инсталација за реупотреба, обновување и рециклирање на литиум – јонски батерии“ во општина Македонски Брод, за потребите на инвеститорот “Друштво за управување со отпадна електрична и електронска опрема „ПОЛБЛУМЕ -ПОМ“ ДОО с. Челопек - Брвеница, подружница „ПОЛБЛУМЕ - ПОМ“ ќе се одржи на 15 октомври 2024 година (вторник) во Сала на совет во општина Македонски Брод со почеток во 11:30 часот.
Контакт лица:
Управа за животна средина
Министерство за животна средина и просторно планирање
infoeko@moepp.gov.mk,
по пошта на адреса:, плоштад Пресвета Богородица бр.3, 1000 Скопје
Од страна на инвеститорот
Иљми Сељмани, управител тел: 076 445 322
е-mail: polblume-pom@hotmail.com