Нагласувајќи дека квалитетот на воздухот е предизвик со кој со години се соочуваме, таа истакна дека ресорното Министерство и Владата се одлучни во неговото решавање, а во контекст на поврзаноста на образованието и донесувањето правилни решенија, таа рече:
Особено важно е вклучувањето на образовните и научните институции, професионалците, експертите и научните работници, бидејќи за државата да носи добри политики и решенија мора да се потпира на научно потврдени податоци. И уште понатаму, важна е и размената на прекуграничните искуства, бидејќи воздухот е заеднички за сите и не познава граници.
На панелот беа презентирани и две студии на случај за Западен Балкан. Господин Клаудио Белис од Заедничкиот истражувачки центар на Европската Комисија ја презентираше студијата на случај: „Проценка на влинјанието на здравјето и трошоци што се припишуваат на загадувањето на воздухот во ураните области со употреба на два пристапа, а проф. д-р Дејан Мираковски од Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип, студијата: „Справување со загадувањето на воздухот во градот Скопје“. Конференцијата ја организира Министерството за образование и наука.