Announcements
Работилница за животна средина и климатска акција
30.09.2024
Денес, 30 септември (понеделник) со почеток во 10:00 часот, во хотел „Арка“ во Старата Чаршија во Скопје, првиот вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити, ќе ја отвори Работилницата за животна средина и климатска акција која се спроведува во рамките на проектот „ИПА-Твининг“ со Европската Унија.
Проектот ќе го спроведуваат Министерството за животна средина и просторно планирање и Центарот за економска медијација и европско право, а има за цел да ги зајакне нашите капацитети за подобро спроведување на законите од областа на индустриското загадување.
Ве покануваме да го проследите настанот!