Работилница на Националните експерти за известување за состојбата на животната средина во Европската агенција за животна средина (ЕЕА)

Ads
Работилница на Националните експерти за известувањ
27.04.2012

(26-27.04.2012 год.) Во Копенхаген – Данска, се одржа Работилница на Националните експерти за известување за состојбата на животната средина во Европската агенција за животна средина. На работилницата учествуваше Катерина Николовска, Национален референтен центар – односно тематски експерт за соработка со ЕЕА во однос на известувањата за состојбата на животната средина – SoE Reporting.

european

Целта на состанокот беше да се овозможи форум од експерти од земјите членки и соработнички на ЕЕА, кои се директно вклучени во развојот и изготвувањето на европскиот извештај за состојбата на животната средина. Работилницата, меѓудругото, имаше за цел и да го оцени напредокот во поединечните SoE активности, односно проценки на состојбата и квалитетот на животната средина во земјите од Европа. Беше укажано на потребата дополнително да се коментира индикаторскиот извештај на ЕЕА и да се дискутираат следните фази за равој на индикаторите на ЕЕА. Учесниците беа охрабрени да придонесат за поефикасен фокус на Индикаторскиот извештај на ЕЕА за 2013 година, како и да продолжат со своите конструктивни дискусии за развој на планираниот извештај за состојбата и перспективата на животната средина во Европс за 2015 година – SOER 2015.

Submitted by almin on 27.04.2012 - 08:10