Прв состанок на Интерес Групата за Користење на земјиштето и Просторно планирање

Ads
20.09.2012

kopenhagen(19-20.09.2012 год.) Во Копенхаген – Данска, се одржа првиот состанок на Интерес групата за Користење на земјиштето и Просторно планирање, инициран од страна на Европската агенција за животна средина.

На работилницата во Копенхаген учествуваше Дејан Гаџовски, претставник од Секторот за Просторно планирање во рамки на Министерството за животна средина и просторно планирање. Целта на оваа работна група е да се воспостави една платформа на ескпертиза во рамки не EIONET мрежата на експерти во Европа, која ќе допринесува за интер-секторските перспективи во рамки на програмата и извештаите на ЕЕА за просторно планирање и користењето на земјиштето во земјите од Европа. Оваа експертска група има за цел и да ги ревидира продуктите на ЕЕА, односно тематските извештаи и анализи кои се комплементарни на напорите на ЕЕА - да се следат промените на состојбата на животната средина во Европа.

Submitted by almin on 20.09.2012 - 08:23