Ads
05.12.2012
(04-05.12.2012) Во Виена, Австрија, се одржа работилницата “FLIS Services Workshop”, како дел од координативните напори во рамки на EIONET мрежата на експерти во Европа, за унапредување на капацитетите на сите учесници и т.н. FLIS референтни центри.
На оваа работилница се дадоа насоки во однос на идните FLIS активности, со акцент на таканаречениот “Catalogue of needs and offers for FLIS” – документ во изработка, кој треба да содржи детални информации за поединечните капацитети на земјите членки и соработнички со ЕЕА и достапноста на експертиза во сите земји од Европа, поврзана со FLIS активностите на ЕЕА. На работилницата учествуваше Ристо Јордановски, национален референтен центар за FLIS.