Работен состанок во Српската агенција за животна средина во Белград

Ads
27.08.2013
(26-27.08.2013 год.) Во Српската агенција за заштита на животна средина - Белград се одржаа работни состаноци на преставниците од Македонскиот информативен центар за животна средина и просторно планирање, м-р Маријонка Виларова и м-р Александра Несторовска Крстеска со српските колеги кои работат на проблематиката - инвентаризација на количините на емисии по методологијата на Конвенцијата за климатски промени и Конвенцијата за прекуграничен пренос на аерозагадувањето. Средбата беше со цел да се разменат искуства и да се разгледаат и можностите за разрешување на постоечките потешкотии за квалитетно и целосно утврдување на вкупните количини на емисии на загадувачките супстанци.srbija

На состаноците се дискутираше изборот на релевантни податоци, естимација на историските податоци, начините на подобрување на емисионите фактори, особено за загадувачките супстанци кои се секундарни GHGS. Српските колеги го презентираа емисионен инвентар за сектор земјоделие и начинот на користењена COPERT IV моделот за инвнтаризација на емисиите од транспортниот сектор.

Меѓудругото на средбата беа разгледани и можностите за билатерална соработка во имлпементацијата на Конвенцијата за прекуграничен пренос на аерозагадувањето и протоколите кон неа кои ги имаат ратификувано двете земји.

презентација

Submitted by almin on 27.08.2013 - 12:42