Студиска посета на Австрија за имплементација на VOC директивата 1999/13/EC во однос на емисионите инвентари и проекции

Ads
07.03.2014

umweltВо период од 3-7 март 2014 година во Агенцијата за животна средина во Австрија во рамките на програмата TAEIX, беше одржана студуска посета во однос на имплементација на Директивата за 1999/13/EC за испарливи органски супстанци (VOCs). На обуката од Македонскиот информативен центар за животна средина учествуваа м-р Маријонка Виларова и м-р Александра Несторовска-Крстеска и Анета Стефановска. Во рамките на посетата се дискутираше состојбата со емисиите на VOCs во Република Македонија, инвентарот на емисиите во воздух, недостатокот на податоците, и проблемите со имплементација на директивата 1999/13/EC. Од страна на клучниот експерт беа презентирани начинот на прибирање на податоци, рекалкулациите и спроведување на процедурите за контрола на квалитет.

Воедно со се дискутираше CORINAIR инвентарот за 2012 година на ниво на Република Македонија, со особен осврт на начинот на пресметка на VOC емисиите. Исто така беа одржани повеќе состаноци со секторски експерти согласно недостатоците дефинирани во Stage III извештајот од Европскиот центар за емисии и проекции. Стекнатото знаење ќе се примени за подбрување на следниот емисионен инветар и проекциите за испарливите органски супстанци.

Submitted by almin on 07.03.2014 - 11:03