Од 3-4 Јуни 2014 година во Копенхаген се одржа состанок на Националните координатори за соработка со Европската агенција за животна средина (ЕЕА), програмското раководство на ЕЕА и Извршниот директор, Ханс Бруникс. Учесници од Министерството за животна средина и просторно планирање се Светлана Ѓорѓева - Национален координатор и Ристо Јордановски – Асистент Координатор за соработка со ЕЕА.
На пленарните седници, фокусот беше во насока на известувањата од работната група на Националните координатори поврзани со процедуралните измени, националните EIONET структури и очекуваните активности поврзани со SOER 2015 извештајот за состојбата и перспективата на животната средина во Европа – како еден петгодишен процес на соработка помеѓу земјите членки и соработнички со ЕЕА.
На пленарните седници беа презентирани и информации од земјите од Европа кои се соочуваат со епизоди на високо загадување на воздухот, како и активности поврзани во рамки на ENPI-SEIS проектот за соработка со земјите од европското соседство. Во рамки на овој состанок беа презентирани и насоките за работа на новиот Тематски центар за отпад и материјали во зелена економија, ETC/WMGE.
Во рамки на NFP/EIONET состанокот се одржа и редовна координација помеѓу претставниците на земјите од Западен Балкан и EEA.