NFP/EIONET Состанок на Национални координатори и претставници на Европска агенција за животна средина – ЕЕА.

Ads
25.10.2014

Од 21-23 октомври 2014 година во Братислава се одржа состанок на Националните координатори за соработка со Европската агенција за животна средина (ЕЕА), програмското раководство на ЕЕА и Извршниот директор, Ханс Бруникс. Од Министерството за животна средина и просторно планирање учествуваа Светлана Ѓорѓева - Национален координатор и Ристо Јордановски – Асистент Координатор за соработка со ЕЕА.

Во рамки на NFP/EIONET состанокот се одржа и редовна координација помеѓу претставниците на земјите од Западен Балкан и EEA. На оваа работна сесија се дискутираа можностите за национални активности поврзани со промоцијата на очекуваниот SOER2015 извештај за состојбата и перспективата на животната средина во Европа. Како дел од пленарните сесии беа одржани презентации за постигнувањата на земјите во однос на Приоритетниот проток на податоци (PDF), ревизијата на EIONET структурите во земјите членки и соработнички со ЕЕА, како и предизвиците поврзани со новите иницијативи на ЕЕА за формирање на Заедница на знаење од областа на животната средина, во рамки на EIONET мрежата.

nfp1
Submitted by almin on 25.10.2014 - 10:29