Регионална обука за напредни методи за утврдување на извори на загадување на воздухот

Ads
28.10.2016
17 – 21 Октомври, 2016 година Атина, Грција. Обуката се однесуваше на практична апликација на модел за утврдување на извори на загадување на воздухот. Моделот кој беше избран како најпрактичен за користење беше EPA PMF 5.0. Предавачите се фокусираа на сите фази на спроведување на мерна кампања за утврување на извори на загадување, започнувајќи со правилен избор на локација каде треба да се вршат мерењата, избор на адекватни филтри и методи за мерење и нивна хемиска анализа, претходна анализа на собраните податоци, креирање на база на податоци, користење на модел за факторизација по принципот на позитивна матрица за добивање на веродостојни и реални фактори кои имаат контрибуција во масата на PM честичките. Меѓу другото дадени се насоки за правилна подготовка на влезни податоци во моделот и како резултатите на моделот треба да се интерпретираат. Обуката овозможи и практична вежба со користење на тест податоци за EPA PMF моделот.
Submitted by almin on 28.10.2016 - 19:00