Ads
30.11.2017
Од 19.11.2017 до 22.11.2017 година во Виена - Австрија, се одржа состанок на Националните координатори за соработка со ЕЕА, воедно и претставници во Интерес Групата за Западен Балкан во рамки на ЕПА Мрежата, заедно со претставниците од Европската агенција за животна средина и Австриската агенција за животна средина.
Овој состанок е од особена важност за министерството за Животна средина и просторно планирање, поради учеството во процесот на планирање идни обуки на националните експерти и учесници во активностите за јакнење на капацитетите на земјите од Западен Балкан, организирани од страна на Европската агенција за животна средина – ЕЕА. Целта на овој состанок беше да се утврдат насоки за планирање на нови регионални и национални активности со поддршка на ИПА 2 средствата, со што ќе се овозможи континуитет на просецот на соработка помеѓу земјите од Западен Балкан и ЕЕА, како и јакнењето на капацитетие за исполнување на обврските за известување кон Еворпската агенција за животна средина.
Исто така, Република Македонија преку Министерството за животна средина и просторно планирање, е прва земја од регионот која успеа навремено да ги исполни барањата на ЕЕА за транзиција кон системот за e-Reporting за известување со податоци за квалитет на воздухот. Со возпоставување на овој систем, се овозможи добивање на висока оценка за исполнителност и квалитет при соработката со ЕЕА, како и вклучување на Република Македонија во ново-промовираниот систем за известување на граѓаните во Европа – European Air QualityIndex: http://www.eea.europa.eu/themes/air/air-quality-index/index