ТAEIX студиско патување за имплементација на директивите за чист воздух CAFÉ 2008/50/EC и Директивата за тешки метали 2004/107/EC

Ads
31.10.2018
Sofija_TAEIX_MEICВо период од 01-05.10.2018 година во Софија, Република Бугарија во седиштето на Министерството за животна средина и води на Република Бугарија се оддржa ТAEIX студиско патување за имплементација на директивите за чист воздух CAFÉ 2008/50/EC и Директивата за тешки метали 2004/107/EC. Oд Македонскиот информативен центар на студиското патување присуствуваа: Анета Стефановска, Александра Несторовска-Крстеска и Мартина Спасовска.Како земја кандидат за членка на ЕУ, користењето на помошта на инструментот ТАЕIX e постојано поддржувана од Европската комисија и Секретаријатот на европски прашања, бидејќи овозможува пренос на искуства од страна на вработените во државните органи на ЕУ земјите во пренос на знаењето за имплеменатција на ЕУ законодавството. На состанокот особено беше значаен преносот на искуство во однос на начинот на подготовка, и мониторинг на имплеменатција на мерките за заштита на воздухот наведени во планските документи, имајќи предвид дека и нашиот сосед се соочува со предизвикот на намалување на загадувањето со PM10 честички и достигнување на ЕУ стандардите транспонирани во националното законодавство.
Submitted by almin on 31.10.2018 - 10:35