Подготвителна работилница на регионална мрежа на биодиверзитет, менаџирање и репортирање на податоци 2 (BIMR 2)

Ads
31.10.2018
CrnaGora_MEIC(25-26.10.2018г.) Бечиќи, Република Црна Гора - Подготвителна работилница на регионална мрежа на биодиверзитет, менаџирање и репортирање на податоци 2 (BIMR 2) Во организација на Германското Министерство за економска соработка (BMZ), а имплементирано од страна на GIZ GmbH, во периодот од 25.10.2018 до 26.10.2018 година, во Бечиќи, Република Црна Гора, се одржа Подготвителна Работилница за развој на регионална мрежа на биодиверзитет на југоисточна Европа, менаџирање и репортирање на податоци (BIMR 2). На работилницата првин се направи увид на постигнатите резултати од проектот BIMR. Се презентираа информативни системи за биодиверзитет од страна на повеќе држави во Југоисточна Европа.Меѓу нив беше и презентацијата на web апликацијата од Македонија – Natura 2000, развиена и презентирана од страна на независен IT експерт Зоран Величков. Од презентациите на информативните системи за природа и биодиверзитет, особоено се истакнуваше Информативниот систем за заштита на природата на Република Хрватска. Целта на овој настан беше да се направи платформа за понатамошните развојот на регионална мрежа за биодиверзитет – собирање, обработка, валидирање и репортирање на податоците за Југоисточна Европа. На состанокот како претставник од МИЦЖС присуствуваше Валентина Димитриевска, помлад соработник, систем администратор за техничка подршка и Александар Јаневски, советник за биодиверзитет и ГМО, кои активно учествуваа во дискусијата за приоритетите на понатамошен развој на базата и апликациите за биодиверзитет.
Submitted by almin on 31.10.2018 - 13:29